Тифани Трамп најмладата ќерка на американскиот тајкун Доналд Трамп (68) вчера во голем стил го прослави својот 21-ви роденден, и го искористила просториите на бизнис центарот „Trump Soho“ во сопственост на својот татко, а потоа со своите пријатели се упатила во еден њујоршки клуб, јавуваат американските медуми.
Младата Тифани своето полнолетство го прославила забавувајќи се со припадниците на богатите наседници на американската елита. Атрактивната русооса која е ќерка на втората сопруга на Трамп и џет-сетерката Марла Мејплс (50), живее живот на висока нога како што прилега на една богата наследничка, а сето тоа го покажува со фотографиите кои секојдневно ги објавува на својот профил на Инстаграм.
Тифани за разлика од нејзната постара полусестра Иванка Трамп (32) е помалку позната во јавниот живот, но нејзинотот време допрва доаѓа.
Како што пренесуваат американските медиуми Тифани и позната по тоа што сака да се забавува, да патува и да купува дизајнерска облека.
Но за разлика од нејзината постара полусестра Иванка која е успешен бизнисмен како и нејзиниот татко, Тифани не е многу заинтересирана за бизнисот.
Судејќи според по фотографиите на социјалните мрежи, Тифани ужива во богатството на својот татко и не се оптоварува себе си со бизнис планови за градење на своја бизнис империја. Таа е чест гостин на модните ревии, обожува да купува дизајнирана облека, луксузни патувања и луди забави.
Нејзиниот татко Доналд своевремено ја изневерува својата прва сопруга Ивана Трамп, со мајката на Тифани, Марла, а кога Ивана дознала за неверството побарала развод. Сепак бракот на Марла и Доналд не траел долго, а бизнисменот за брзо време по трепат се оженил и тоа со 30 години помладата Словенка, манекенката Меланија Кнаус со кој го има седумгодишниот син Барон.
Подготви:Б.В.