На крстосницата на Бихаќка, сегашна Павел Шатев, со улиците Јордан Мијалков и Огњан Прица, објективот на „Плусинфо“ вчера регистираше почеток на градежни работи.
Градежната оператива и работници од вчера попладне ја затворија за сообраќај десната лента и во текот на ноќта ископаа дупка преку целата улица.
Дали ова се подготовки за атмосферска канализација кај надвозникот за да се спречат поплави при секој пороен дожд, од Град Скопје денеска не одговорија.
Оваа локација е една од десетте критични точки во Скопје кои се поплавуваат при дождовите и поради непроодноста предизвикуваат метеж во сообраќајот. Како мерки за спас од поплавувањата Градот предвидува замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување, потоа попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување.
Подготви: М.В.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо