Компанијата Гугл ја објави својата статистика за бришењето на податоците од пребарувачот како дел од нивната обврска наметната со новите регулативи на Европската унија.
Во склоп на најновиот извештај за нивната транспарентност, Гугл ги објави податоците за опцијата „Право на заборав“, со која секој жител на ЕУ има право да побара да му се избришат лични или компромитирачки податоци од резултатите на пребарувачите. Ако барањата за бришење се оправдани и лични поднесени, Гугл е обврзан да ги отстрани од својата дата база, како и од својот кеш-систем кој што чува податоци и откако тие ќе бидат избришани од оригиналниот сајт на кој што биле поставени.
Во извештајот стои дека од започнувањето на проектот „Право на заборав“ на 29 мај оваа година, компанијата примила 150.000 барања за отстранување на преку половина милион линкови од својот пребарувач.
Од барањата досега се прифатени 41,8 отсто и избришани се повеќе од 170.000 непожелни линкови.
Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо