Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во денешните два напада извршени со автомобили-бомби во главниот град на Сомалија, Могадишу.
Првиот напад бил извршен во сообраќајниот „шпиц“ во северниот дел од градот. Во нападот загинаа четири лица. Бомбата најверојатно била поставена во автомобилот на висок претставник на разузнавањето, кој загинал во експлозијата.
Од експлозијата се оштетени неколку згради.
Втор автомобил-бомба експлодира неколку часови подоцна пред кафеана во близина на претседателската палата. Експлозивот бил активиран од далечина.Во нападот загинаа осум луѓе, а десетици се повредени.
Досега никој не презеде одговорност за нападот. Тој, меѓутоа, има карактеристики на нападите на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.
Извор: МИА