Компанијата Нокиа на 1 ноември 2014 ќе ја затвори последната фабрика која не беше купена од Микрософт. Фабриката се наоѓа во градот Шенаиу, четврт град по големина во Индија.
Фабриката, позната под името Сриперумбудур не беше опфатена со договорот помеѓу Нокиа и Микрософт со кој северно-американскиот гигант го презема мобилниот оддел од финската Нокиа.
Причината поради која оваа фабрика не стана дел од Микрософт беа проблемите на Нокиа со индиските власти околу плаќање на даноците, па поради тоа Нокиа не можеше да ја стави оваа подружница во договорот. Место продажба, беше потпишан договор со кој Микрософт можеше привремено да го ја користи фабриката за свои потреби.
Микрософт неодамна прати соопштение во кое се вели дека веќе нема потреба од овие погони, па Нокиа се одлучи за целосно затворање на одделот во Индија.
Компанијата Нокиа на 3 септември 2013 година, го продаде својот оддел за мобилни телефони на Микрософт за 5 милијарди евра.
Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо