Утре се навршуваат седум години од смртта на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година. Неговите родители, Доминика и Никола Проески и понатаму не можат да веруваат дека нивниот син повеќе го нема.
- Тагата за нашиот син со секој ден е сè поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, посебно не во овие тешки моменти - рекле за „Курир“ родителите на Тоше.
Андреј Николски, братучедот на Тоше Проески и директорот на фондацијата „Тоше Проески“ изјави дека сè е подготвено за утрешниот помен.
- В четврток во 6:20 часот токму во мигот кога Тоше настрада ќе биде одржан помен на гробишта. Го очекуваме доаѓањето на 16 маратонци кои пред неколку дена тргнаа од Градишка за да стигнат до неговиот вечен дом. После тоа, на спомен домот ќе биде одржана културно-уметничка програма и литературна секција. Во Македонија пристигнаа фанови од Србија, Хрватска и Словенија, кои утре ќе му оддадат почест - наведе Николовски.
Подготви: К. А.