Градоначалникот на Скопје доцни со атмосферската канализација, оти не е во прашање само булеварот Киро Глигоров, туку после секој дожд цело Скопје плива во вода - клучката Континентал, подвозникот кон Пржино... Задолжувајќи се за луксуз, ги остави скопјани без основните работи, порача денеска СДСМ во својата реакција за соопштението од Град Скопје дека е реконструирана атмосферската канализација кај подвозникот кај поранешна Кланица.
„Коце Трајановски многу доцни со атмосферската канализација. Не се поплавува само булеварот Киро Глигоров. Од еден посилен дожд цело Скопје плива во вода. Што е со клучката Континентал, подвозникот кон Пржино на Бихакќа, општината Кисела Вода? Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ ги задолжија скопјани за раскош и луксуз, за Панорамски тркала, барокни фасади, споменици, а ги оставија без атмосферски канализации, без пречистителна станица за води, без училишта, без подземна сообраќајница, без трамвај, без есенцијалните потреби на граѓаните. Да не се обидува Трајановски да се оправдува, што било, а што не било надлежност на Град Скопје. Коце Трајановски има должност да се води од интересите на граѓаните и наместо да ги задолжува за луксузи, да помогне секаде каде што е тоа потребно“, порачува СДСМ.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо