- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Бунт против државата која не празнува со „маргиналците“
Велимир Жерновски
- Прочитано: 12746
- 02.10.2013
Останатo од Велимир Жерновски |
Додека државата оваа година на 8-ми септември го празнуваше националниот празник Ден на независноста, кој ја означува сувереноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ, на неколку билборди низ градот беа поставени постери со розови мажи и кратки пораки кои се дел од уметничкиот проект „Сета убавина мора да умре“ на уметникот Велимир Жерновски.
Постерите имаат за цел да го испровоцираат конзервативното и националистичко мнение кое изминативе години е сè поактуелно и поприсутно, да им пласираат нови вистини на граѓаните и да го акцентираат тоа што владејачките политики се обидуваат да го заобиколат. Авторот вели дека датумот не е случајно одбран. Контекстот претставува начин да им се даде простор на маргинализираните и дискриминираните тогаш кога државата прославува историски датум кој е подеднакво значаен за сите граѓани. Колку сме еднакви пред државотворните закони, а колку пред оние што ги креира опкружувањето? - е едно од прашањата што се поставуваат гледајќи ја инсталацијата.
Велимир Жерновски е млад уметник кој работи со различни медиуми, видеа, инсталации во отворени простори, пишување и публицирање текстови од областа на уметноста. Во своите дела ги истражува својствата на идентитетот, урбаната и популарна култура, сексуалноста и родовиот идентитет. Добитник е на првата награда на „Биеналето за млади уметници“ која ја доделува Музејот на современа уметност во Скопје, и наградата „Денес“ 2012 година на Центарот за современи уметности во Скопје.
Инсталацијата беше планирано да се отвори на денот на македонската независност, 8 септември. Објаснувате дека причина е да се истакнат маргинализираните и оние кои се исклучени од државните празници. Кои и како се исклучени од државните прослави?
- Фокусот на овој проект, сепак, не е толку свртен кон тоа кој се исклучува од самите „прослави“ колку за тоа како системот работи континуирано на исклучување на сите оние кои не влегуваат во „општо прифатените“ норми и канони на живеење во организираната заедница – државата, а денот на независноста, сепак, се однесува на глорифицирање на овој концепт. Од друга страна, зборува за самите основи врз кои се гради националистичкиот синдром а кои во повеќето случаи завршуваат со насилство и делегитимизирање на групи граѓани кои не можеме да кажеме во ниту еден момент дека по сета логика не придонесуваат во конструирање и одржување на државата како таква. Но, ете, како резултат на заносот кој ја следи националистичката логика остануваат таму некаде на маргините, борејќи се за правото на живот. Во наш контекст станува збор за исклучувања на армии од луѓе кои од најразлични причини излегуваат од „масите“ по најразлични основи. Било да е тоа родовиот аспект, сексуалноста, алтернативните начини на живот, политичките и верски убедувања, разни попречености, болести, вируси и тн.
Колку билборди се изнајмени и како ги избиравте локациите?
- Локациите се прецизно одбрани и во голема мера придонесуваат во градењето на концептот на самиот проект. Главно се фокусирани околу проектот „Скопје 2014“ и претставуваат напор да се преиспита на некој начин целокупниот контекст во кој овој проект се остварува. Еден е аспектот кој се обраќа конкретно на проектот, но секогаш се трудам делата да имаат повеќезначност која ќе се обраќа на повеќе проблеми и ќе отвора простор за преобмислување на секојдневието кое нè опкружува.
Што значат паролите? Велите дека проектот има намера да се одбележи нациналистичката реторика која продуцира насилство кон одредени групи. Но што, во тој контекст значи: „Сите ќе умрете, некои после, некои сега!“
- Повеќето од паролите кои ги придружуваат цртежите се извадени од локалната ПОП култура, а овој конкретно, иако никој не го препозна на прва доаѓа од култниот филм „Викенд на мртовци“ во режија на Коле Ангеловски и една од целите беше да се предизвика поинаква реакција кога ги посматраме билбордите од оние на кои сме навикнале. Да контрира на еден начин на кампањите кои ни нудат посветла иднина, вечен живот и најразлични успеси.
Која е целта на овој проект, дали промена во менталитетот и во размислувањата на граѓаните?
- Не верувам дека менталитетот може да се промени со една изложба во јавен простор, а и не знам што точно може да придонесе кон промена на менталитетот, така што би се оградил од една ваква конотација и ќе речам дека ниту една од целите на овој проект нема таква намера. Но, сепак, повторно ќе речам ако има некаква цел овој проект тоа е да ги размрда малку постулатите на кои почива нашиот конформизам и да нè натера малку да размислиме за просторот во кој живееме и се движиме секојдневно, да ни отвори простор за малку поинакви размислувања и да открие сегменти кои многу успешно се кријат во сиот тој маркетиншки, агресивен напад на кој сме изложени постојано.
Како сте задоволен од реакциите? Провладините медиуми известија за Вашата изложба со згрозеност?
- Немам проблем некој да биде згрозен од она што го работам, сепак, станува збор за радикални пораки пренесени преку еден јавен медиум и во такви случаи секакви критики се возможни. Но, ваквиот начин на известување за еден уметнички проект, сепак, изгледа како лош обид за повик на цензура. Станува збор за неосновани информации дека некои „граѓани“ биле згрозени и текстови напишани од анонимни новинари кои се загрижени за доброто на граѓаните. Тоа воопшто не ме интересира и не мислам да влегувам во полемики со такви несериозни и непрофесионални контексти.
Од друга страна, доколку граѓаните навистина на каков било начин реагираат на проектот, тогаш останува да се потврди силата на медиумот кој го користам и успешноста на проектот. Сè додека граѓаните реагираат можеме да бидеме спокојни!
Маја Васева
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
Последни коментари (0)коментари |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели
Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал
Објавено: пред 18.09.2014 12:00Прочитано: 3455