Последна промена пред 10 години | Сабота 04 Мај 2024 | 0 0

Седум години без Тоше

  • Објавено: 16.10.2014 09:15
  • Прочитано: 650
  • Печати



На денешен ден пред седум години, македонскиот пејач Тоше Проески, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, Хрватска.

Во негова чест и годинава маратонци тргнаа од Нова Градишка, на 13 октомври во 6.05 часот, и трчаат околу 900 километри по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше. Тие треба да стигнат денеска во Крушево и да го посетат неговото вечно почивалиште.

Фановите на Тоше на 5 октомври го организираа и Ѕвезденото небо со кое одбележаа седум години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието.
Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран(The Hardest Thing).

Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот Златно славејче (1992) на кој испеа песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на Мелфест во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.
Тоше објави седум албуми - неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот албум „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври 2007.


Извор: МИА

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>