Последна промена пред 10 години | Петок 03 Мај 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

  • Горан Рафајловски

  • Прочитано: 3357
  • 18.09.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Горан Рафајловски

Не ме загрижува што долгот во земјава расте, туку ме загрижува фактот што расте задолжувањето на домашен терен. Ние стопанствениците велиме - не ни ги вадите парите што ги немаме и не им ги давајте на оние кои лесно заработуваат на нив, оставете и тие да се мачат како нас за да дојдат до заработка. И ако Владата дозволи поголем проток на пари во земјава, како што најави дека нема да се задолжува дома туку надвор, тоа за стопанството е фантастичен потег кој го бара веќе 15 години. Само треба да се спроведе во практика, вели претседателот на Скопската стопанска комора, Горан Рафајловски. Тој за Плусинфо зборува и за актуелните состојби во економијата, Буџетот, уставните измени, јавниот долг и перспективите на стопанството. 

 

Едно од најактуелните прашања деновиве е како е скроена државната каса. Различни се мислењата околу тоа дали може да обезбеди развој или се задржува главно на трошењето и социјалата. Какво е Вашето мислење?  

 

- Буџетот е пред сè работа на тој што го формира и изгласува. Колку тој е добро скроен ќе се покаже на крајот на фискалната година. Критика на буџет од страна на стопанството е скоро невозможна и е несериозна од причини што нема ниту еден стопанственик кој ги има истите податоци со кои располага Министерството за финансии, министерот и премиерот кои одговараат доколку буџетот не е соодветен. Од таа причина коментирањето на буџетот од страна на стопанствениците е невозможно. Но, факт е дека секоја мала земја, па и нашата која е во транзиција, каде што многу работи треба да се сменат, има проблем буџетот да го направи вистински развоен. Поради зафаќањата во плати и пензии, разни ангажмани и останати трошоци, тој секогаш е многу голем. И кога инвестициите ќе го надминат тој под, тогаш дефинитивно ќе може да се каже, ама во буквална смисла, дека имаме исклучиво развоен буџет. Ако е точно она што го кажа министерот, за Буџетот во 2015 година, може да се рече дека е најразвоен од која било година пред тоа, а тоа е резултат на предвидените 340 милиони евра за инфраструктура што за стопанството, дефинитивно е профит зашто долго време бара инвестиции во инфраструктура. Тоа очекуваме и да се реализира во практика. Инфраструктурата и енергетиката и натаму се најпотребни за да може една економија да се развива и затоа стопанствениците се упорни во барањето тоа да се обезбеди.

 

Државната каса, како што е најавено, е проектирана на раст на економијата од 4 отсто во наредната година. Какви се можностите за остварување на овој раст во 2015 година? 

 


- Имаме шарени резултати во стопанството. Едни резултати се на странските инвеститори, а други на домашните инвеститори. Домашните инвеститори кои не се извозно ориентирани немаат добри резултати. Извозниците имаат подобри резултати. Од друга страна, ги имаме странски инвеститори кои имаат одлични резултати бидејќи им даваме и одлучни услови за работа. Од таа причина верувам дека 4 отсто раст не е толку драматично да се оствари. Со оглед дека имаме и инвестиции во инфраструктурата (во автопатишта и во железницата), раст од 4 отсто  дури може да се рече дека е скромен раст. Според мене, можеме и повеќе.

 

Во тек е и расправата по амандманите за измена на Уставот. Дел од нив се однесуваат на економијата, главно на формирање финансиски зони и ограничување на јавниот долг и дефицитот. Какво е вашето мислење?

 


- Што се однесува до финансиските зони, јас немам проблем и не гледам пречка да се формира такво нешто. Ама, ако се формира такво нешто ќе треба да се направат многу сериозни подготовки. Под сериозни подготовки подразбирам, дека многу сериозни држави и нивните компании да сакаат да формираат финансиски институции во земјава. Мислам дека е добро земјава да живее од провизија на трансфери на пари кои не се оптоварени со давачки. Давачките во вакви зони се нула или минимум 0,20, 0,50 или како и во сите земји. Ама ако формирате зона од типот на Кајманите, Сејшелите и слично, нема да се офајдите. Но, ако имате зона од типот на Лондон, тогаш во прашање се многу пари. Во Лондон се наоѓа најголемата финансисиска зона во светот, каде што се сите интернационални корпорации, а градот и Англија добиваат големи пари. Значи треба да направите да привлечете сериозен број компании, а тоа сепак се работи на државно ниво. Треба владата од таа земја да им сугерира на тие компании да отворат свои претставништва тука. Ако е формирана на стабилни основи зоната и да не работи на некое драматично ниво, сепак има можности да се профитира со тоа што ќе доаѓаат тука ќе треба да стануваат некаде, тука ќе купуваат, можеби и ќе сакаат да го прошират бизнисот надвор од зоната. Што се однесува пак до тоа дека ќе има некое зголемување на вработеноста, мислам дека е заблуда. Во овие зони нема да има вработувања на високо ниво - високостручни кадри нема ниту да има работа за високоинтелектуални фирми. Странските големи компании веќе ги имаат поставено своите стандарди на меѓународноа ниво и за нас тука нема простор. Овие компаниите најчесто носат свои луѓе или евентуално ако имаат некој Македонец веќе вработен, можат да го преселат тука. Сигурно е само дека ќе има вработувања само за технички кадар за чистење, мајстори, секретарки. Значи за да профункционира зоната ќе треба да има многу подготовка. Ако организираме сериозна и добра зона нема да нанесеме никаква штета на земјата. Штета ќе имаме ако направиме лоша зона и ако таа пропадне уште на почетокот и со тоа ќе ја изгубиме секоја шанса да организираме втора.

 

Нивото на јавниот долг владата предлага уставно да се ограничи на 60 отсто од БДП, а дефицитот на 3 отсто. Има ли потреба ова да се прави преку Уставот и воопшто дали има потреба од вакво ограничување, ако се знае дека вакви лимити веќе се договорени на меѓународно ниво?


- Предлогот е многу строг и сериозен. Значи ако не го почитувате Уставот, ќе треба утре како влада да поднесете и некоја сметка и да преживеете некаква реперкусија. Дали е потребна ваква мерка не знам. Од анализата на сите овие години наназад и однесувањето на владите, не верувам дека со Устав ќе го решиме проблемот, ако некоја влада ќе го пречекори лимитот и отиде во минус, освен што ќе ја качиме на столбот на срамот, што можеме и сега тоа да го направиме демократски, друго ништо нема да измениме. Па решението го сметам за „дракон“ бидејќи и самата Влада се става во одреден тип на чевли во кои ќе треба да гази во наредниот период, значи нема да може да го надминува она што самата го пропишала спрема себе или ќе треба да изнаоѓа други решенија за тоа. 

 

Што станува со дефицитот од 3 отсто, и дали нема да се надмине, ако се планира повисоки трошоци од она што може да се собере во државната каса ?

 

- Условно може Владата да го намали дефицитот на 3 отсто, но треба да имаме многу голем извоз и многу домашни компании кои имаат извоз, а не да се потпира на странските компании кои работат во зоните. Но многу голем извоз имаат економии во прогрес кои можат да се справат со предизвиците од типот на задолжување. Без инвестиција во домашното стопанство и во домашните компании, ние немаме шанси да го пораснеме стопанството. Како стопанственик јас инаку сум против штедењето во економијата. Штедењето не е ниту гранка во економијата. Тоа е само одлика на банкарите. Стопанствениците сакаат да трошат, да ги шират бизнисите, да профитираат и да направат поврат на парите. Значи и не мора Владата да го намалува дефицитот уште помалку да го ограничи, но мора добро да испланира како ќе го покрие. 

 

Зголемувањето на дефицитот и неговото покривање, меѓутоа води кон зголемување и на јавниот долг. Има ли опасност од надминување на можностите за негово плаќање?

 

- Како стопанственик многу не ме загрижува порастот на јавниот долг. Тоа е така во економијата. За јавниот долг на пример во Менхетен има јавен часовник кој не престанува да се движи. Не сум сретнал никој во САД, да се загрижи за тоа дека долгот секоја секунда се зголемува. Не сум сретнал ниту економист кој е против тоа што бројчаникот врти и не застанува. Но кога ќе почне да врти во налудничави мерка и брзина се бара само да сопре малку не да сопре со вртењето. Или еве една споредба со реалниот живот. Доколку треба да заштедите во животот за стан од една плата ви требаат 40 години да одвојувате пари и кога ќе го купите да речете дека станот е ваш. Во меѓувреме, треба да живеете со своите родители. Или имате можност да земете кредит и за 40 години да го плаќате, навистина со одредена камата, но ќе живеете во него. Треба да одберете што е подобро за вас. Според тоа, не сум загрижен што долгот во земјава расте, туку ме загрижува фактот што расте задолжувањето на домашен терен. Ние стопанствениците велиме - не ни ги вадите парите што ги немаме и не им ги давајте на оние кои лесно заработуваат на нив, оставете и тие да се мачат како нас за да дојдат до заработка. И ако Владата дозволи поголем проток на пари во земјава, како што најави дека нема да се задолжува дома туку надвор тоа е фантастичен потег кој го бара стопанството веќе 15 години. Само треба 
да се спроведе во практика.

 

Слабиот морал на плаќање во земјава го посочуваат не само домашните туку и странските инвеститори. Може ли да се надмине состојбата со новиот закон за финансиска дисциплина?

 

- Неплаќањето во земјава стана олимписка дисциплина. Мислам дека ако го натераме Олимпискиот комитет да прифати ваква дисциплина, ќе бидеме меѓу првите земји и ќе се бориме за медал. Слабиот морал на плаќање меѓутоа може да се реши со многу работа на терен. Направен е чекор со донесување на Закони за финансиска дисциплина, но многу мал број фирми го почитуваат. Го почитуваат оние кои и досега редовно плаќаа. Се надевам дека компаниите сè помалку ќе наоѓаат изговори зошто не го почитуваат и се помалку ќе наоѓаат можности како некому да не му платат, туку навреме ќе ги плаќаат своите обврски. Тука државата треба да помогне. Треба повеќе да работи на терен, не со реклами и казни, туку со едукација на луѓето за да сфатат дека не е лошо ако редовно се плаќа.

 

Деновиве странските инвеститори посочија дека имаат ненаплатени побарувања од државните институции. Дали истото мислење го делат и домашните компании?

 

- Се жалат дека не се плаќа. Тоа е вистина, но има и друга објективна вистина. Кога, како заедница на стопанственици ќе донесете владин претставник да слушне дека државата му должи на стопанството, сите молчат наместо отворено да кажат. За мене можам да кажам дека државата ништо не ми должи, ама јас не работам со неа и не се жалам. Оние кои работат со неа мора да имаат храброст отворено да кажат дека им должи и не го враќа ДДВ-то редовно. Тогаш и јас како претседател на комората ќе застанам зад нив и ќе кажам дека навистина му се должи на стопанствтото. Вака вистината останува само по кулоарите.

 

Што во сегашните услови му е неопходно на стопанството?

 

- Пари, пари и само пари. Пари од повеќе изводи, од содружнички спојувања, од банка, од поголем профит, од продажба, сè на сè пари. Во сето тоа Владата може многу да помогне. За да создадете услови за развој на стопанството државата има обврски да ги заврши сопствените домашни задачи - да обезбеди доволно струја или енергетски ресурси, да направи извонредна инфраструктура во која спаѓаат патишта, железници, нови комуникациони мрежи и секако да обезбеди пониски даноци. Владата нема друга домашна задача освен ова и треба да се фокусира на тоа. Нејзина задача би била да помогне и доколку имаме некој производен гигант кој веќе стасал да настапува на странските пазари. Таа треба да му го помогне настапот преку овозможување пристап до пазарите, да го помогне со пари, а може да му помогне со делегирање екипа во земјите каде сака да извезува, да му направи контакти. Ние како стопански комори тоа веќе го правиме, но треба да го прави и државата. Ова е потребно за полесен пробив на пазарот на соодветната фирма. Познато е колку време и треба на фирма да се пробие на пазарот и да опстои најмалку пет години. Во тој период и е потребна помош, а тоа може да го направи државата.

 

Како комори инсистирате на компаниите да им се обезбедат и трети пазари за извоз. Колку во тоа може да помогне Владата?

 

- Нашите компании направија огромна грешка што не ги задржаа старите пазари што ги имаа во поранешна Југославија. Со распадот на земјата комплетно го заборавија источниот пазар и тргнаа да извезуваат во Германија и западните земји каде што тешко се пристапува поради конкуренцијата. Во тоа време не им се допаѓаше извозот и нестабилноста на Русија, Романија, Бугарија Украина. Романија и Бугарија сега се членки на ЕУ. Ги заборавивме пазарите на кои се реализираше 40 отсто од вкупниот извоз на тогашната држава. За жал, тоа неповолно се одрази на стопанството. Конкуренцијата го изеде и сега е многу тешко да се освојуваат нови пазари, но тоа не може да биде сопирачка за стопанството туку дел од секојдневна борба за опстанок. 




Рада Исовска - Маневска                      

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

 

Објавено: 22.09.2014 16:37

Ljupco:

VIe Gorane sigurno dobro znaete deka drzavata i te kako dolzi na stopanstvoto. Nema potreba samo samite stopanstvenici da si go kazat toa javno. Bidete"mazi" pa kazete go toa zaednicki. Zatoa ste na taa funkcija. Vie treba da ste orovodnikot vo borbata za vistinata.

Објавено: 18.09.2014 13:22

Tose:

Kako i site i Goran e soft-core vo odgovorite i kritikite sprema vladata. Ke zastanel kako pretsedatel na komorata zad stopanstvenicite ako kazele otvoreno za dolgovite na drzavata?! - pa ako si pretsedatel treba da go kazes toa otvoreno

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>