Последна промена пред 10 години | Сабота 04 Мај 2024 | 0 0

ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата Германија кои правеле монструозни злосторства!

  • Објавено: 16.10.2014 09:11
  • Прочитано: 541
  • Печати

Во Германија во времето на Хитлер, женската убавина била предмет на државна политика и расистичка идеологија, која строго го одредила идеалот на ариевската женственост: „најубавите” Германки ги правеле најлошите злосторства, а повеќето од нив крајот на војната го дочекале на слобода.

 

Првите жени кои влегле меѓу злосторничките, иронично, биле професионални негувателки. Тоа биле медицински сестри, кои немилосрдно убивале ментално заостанати личности, според планот на ариевската доктрина.Една од нив била Паулина Неислер, од „болницата за евтаназија“ на југот од Германија.

Била задолжена за селекција. Секој ден бирала по 70 „пациенти“ и ги праќала во смрт во гасна комора. Велела дека „таквата смрт и не е толку лоша, бидејќи не боли“.Од друга страна, Хитлеровиот проглас за жените гласел „Kinder, Kuhe, Kirhe” (деца, кујна, црква), меѓутоа по злосторствата жените биле рамо до рамо со машките злосторства. И не делувале само во Германија.

 

Венди Ловер, американска историчарка и авторка на книгата „Хитлерова фурија: Германските жени на наци полињата на смрт“ пишува дека најмалку половина милион млади жени се ставиле на располагање на колонизацијата во Полска, Украина, делови од Русија... Наредби за убиства можела да издаде и секретарка. Знаеле се за размерите на масакрот, но ги затворале очите.

 

Во книгата се споменува и Лизелоте Мејер. Заедно со својот шеф, голем нацист, учествувала во „забави со пукање“! Имено, монструозно уживале „во ловот“ на Евреи и ги убивале „од разонода“ и спорт. Мејер добила можност да одлучува за живот и смрт. Животот им го спасила на својата фризерка и на уште една жена која и плетела џемпер.За размерите на човечка монструозност говори и случајот на Лизел Вилхаус, сопруга на командант на логор. Имено, таа седела на тераса во куќата и пукала во затворениците.

 

Секретарката на Јохан Алватер отишла уште подалеку со својот болен ум. Во импровизирана болница во Украина знаела да одбере некое дете и да го турне од третиот кат. Во книгата пишува дека знаела да ги намами децата, а кога малите би ја отвориле устата пукала во нив.Авторката Венди Ловер забележува дека повеќето жени никогаш не биле осудени затоа што биле пуштани со изјавата дека биле „невини секретарки“.

 

Германската убавица, русокосата 23-годишна домаќинка Ерна Петри, се враќала дома од продавница, кога нешто и го привлекло вниманието. Шест мали, речиси голи момчиња, стоеле преплашени покрај патот. Ерна била сопруга на нацистички офицер и знаела дека децата биле Евреи, кои побегнале од возот за логор. Тоа што се случило подоцна е една од најмонструозните случки дотогаш.

 

Ерна, тогаш мајка на две деца, им пришла на момчињата, ги нахранила и смирила. Им влеала доверба и потоа сите заедно ги одвела во шума. Ги поредила, извадила пиштол и на сите им пукала во тилот. Најмладото дете имало шест години, најстарото 12, пишува Венди во едно од најпотресните дела за крвавата историја.

 

Вера Штахли Вохлауф пристигнала во Полска во 1942 година, за да му се придружи на сопругот Џулијус. Висока 175 сантиметри, тешка 80 килограми, „со округла глава, синоока, русокоса, со рамен нос“, - ова бил нацистичкиот идеал за женственост, во кој Вера совршено се вклопувала. Според тој критериум, убавината била производ на здрава исхрана и занимавање со спорт, а не на козметика. Германските девојки и жени не требале да ги лакираат ноктите, да ги кубат веѓите, да носат кармин, да ја бојадисуваат косата или да бидат преслаби, особено не смееле да изгледаат како холивудските глумици.

 

Кога Вера дошла во Полска за да го помине медениот месец со својот сопруг, станала активна учесничка во злосторствата. Офицерот Вохлауф добил задача во текот на два дена да го уништи гетото Мидзирзец-Подласки со 11.000 Евреи кои требало да ги депортираат во злогласниот логор Треблинк. Како што подоцна сведочеле очевидци на страотниот масакр, Вера Вохлауф, тогаш во вториот месец од бременоста, преку својот летен фустан облекла војничко палто и капа. За разлика од останатите жни, не стоела на страна туку кружела меѓу жртвите мавтајќи со камшикот.

 

По војната, речиси на ниедна од овие жени монструми не им се судело. Кога ги апселе нивните сопрузи тие тврделе дека „немаат поим за ништо“. Глумеле дека се невини и тврделе дека не знаат или не се сеќаваат на ништо, па така проаѓале неказнето.

 

Подготви: К. А.

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>