- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Вакцина, витамини, хигиена - формула за спас од грипот
д-р Јованка Костовска
- Прочитано: 10813
- 11.10.2013
Останатo од д-р Јованка Костовска |
На прагот сме на сезоната на грипот, болест што редовно го следи човештвото, најчесто поминува без да направи поголеми проблеми, но во големите епидемии може да однесе и илјадници човечки животи. Со едноставни мерки како вакцинирање, јадење здрава храна богата со витамини, редовно миење раце, избегнување контакт со заболен, може да се спречи инфекција, или да се придонесе болеста да помине полесно, препорачува д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентива во Министертвото за здравство.
Почнува сезоната на грип, дали се појавуваат некои нови типови на ова заболување и дали се очекува поголем број на болни, зашто во моментов се чини дека речиси сите се болни?
- Во светски рамки се регистрирани мал број пациенти заразени со грип. Според првичните сознанија, низ светот почнува да циркулира тип А кој води со 80 отсто и тип Б со 20 отсто. Од тип А, 40 отсто е Х1Н1, а 55 отсто од регистрираните случаи се позитивни на Х3Н2. Засега нема некои нови типови на вирусот, па и затоа не се очекува поголем број на заразени. Сите типови на вирус на грип даваат исти симптоми, а на ист начин се лекуваат. Кај нас, се уште нема регистрирано случај на заболен и нема некоја поголема отсутност на ученици, но се преземаат мерки за да не дозволиме поголемо ширење во градинки и училишта. Променливото време и пониските температури, невообичаени за овој период од годината придонесоа за јавување на поголем број вирози, но сè уште нема грип.
Кога почнува вакцинацијата, кој треба да се вакцинира и колку ќе чини?
- Вакцинацијата, како и секоја година треба да почне кон средината на овој месец. Исто како и лани се набавени 30.000 дози тритипни вакцини за грип од „Глаксо Смит Клајн“, а ако има потреба дополнително ќе се набавуваат и нови количини. Цената ќе биде 400 денари за една доза, односно за едно лице. Препорачливо е да се вакцинираат повозрасните, хронично болните, децата и бремените жени.
Вакцината е проверена, испитана и направена според препораките на Светската здравствена организација, а може да се прими во центрите за јавно здравје, како и во приватни ординации што имаат дозвола од Министерството.
Каде најчесто грешиме во обидот да се заштитиме од грипот?
- Пред сè треба повеќе да се внимава на личната хигиена, односно почесто да се мијат рацете. Важно е и да се избегнува контактирање со заболен, почесто да се проветруваат просториите, да сме соодветно облечени во однос на надворешните температури, да се внесуваат топли напитоци и витамини.
Кај нас постои традиција да го лекуваме грипот дома, со домашни лекови без да побараме помош од лекар. Кои се знаците дека сепак е потреба стручна помош?
- Доколку симптомите на грип не поминуваат, туку се влошуваат во период од два до три дена веднаш треба да се побара лекарска помош, најпрво кај матичниот лекар. Оние пак што имаат некакво хронично заболување воопшто не треба да се лекуваат на своја рака, туку лекарска помош треба да побараат веднаш штом добијат симптоми, бидејќи кај нив е многу поголема можноста да настанат компликации.
Антивирусниот лек „тамифлу“ се препорачува за сите лица со претходни хронични заболувања и за бремени жени, како и за здрави лица кај кои симптомите не поминале за два до три дена.
Што да се преземе кога имаме болен дома, како да се спречи пренесување на вирусот?
- Болниот треба да биде изолиран во посебна просторија која редовно ќе се дезинфицира и проветрува, а за него да се грижи едно лице, кое ќе носи заштитна маска и редовно ќе ги мие рацете. Во домашни услови се препорачува само лекување на лица без претходни хронични заболувања или лица кои добиле терапија, под надзор и консултација на матичниот лекар.
Кои мерки за заштита треба да се превземат во училиштата и градинките?
- Потребно е децата да внимаваат повеќе на личната хигиена, да мијат раце пред секој оброк како и по одење во тоалет. Вода треба да пијат од соодветена чаша, а не од рака. Доколку некое дете кашла, кива, има температура, не се чувствува добро, треба да се пријави на класниот раководител и во периодот додека ги има симтомите да остане дома. Се препорачува децата да јадат здрава храна, овошје, зеленчук, да внесуваат витамини и да избегнуваат консумирање брза храна.
Последниве години кај нас извор на опасност стана и нилската треска што ја пренесуваат комарците, а има речиси исти симтоми како и грипот. Каква е опасноста од поголемо ширење на ова заболување?
- Со периодот на есента и намалување на температурите се намалува и бројот на комарците и можноста за појава и ширење на западно нилска треска. Поради климатските промени ова заболување што го имаше само на јужната хемисфера почна да се регистрира и во Балканскиот регион. Годинава се регистрирани само два случаи, кои поминаа со полесни симптоми. Засега не може да се дадат проценки за тоа дали во наредните години оваа болест може да добие епидемиски размери.
Мими П. Шушлеска
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
Последни коментари (0)коментари |
Прочитај ги сите коментари: |
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели
Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал
Објавено: пред 18.09.2014 12:00Прочитано: 3455