Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Sipovic.jpg

Ексклузивно интервју со Мирослав Шиповиќ: Се враќам оти верувам во правдата!

  • Мирослав Шиповиќ

  • Прочитано: 16019
  • 14.10.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Мирослав Шиповиќ

Претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој во Македонија е осомничен за криминал, само неколку часа пред да замине од Америка кон Македонија, за Плусинфо даде ексклузивно интервју.

 

 

Господине Шиповиќ, кога се враќате во Македонија?

- Во Македонија се враќам утре во 11 часот и 40 минути со авионски лет од Виена. Поаѓам вечерва во 23 часот по македонско време од Бостон, преку Франкфурт до Виена па за Скопје.

 

 

Дали знаете дека во четвртокот истражен судија од Основен суд Скопје 1, ви одреди мерка притвор, во врска со случајот „Претседавач“ во кој вие сте првоосомничен?

 

 

- Од интернет порталите разбрав дека ми е одреден притвор во траење од 30 дена. Се враќам доброволно, по сознанието дека сум баран се враќам во Македонија со првиот можен лет во кој имаше место.

 

 

Министерството за внатрешни работи ве сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, во периодот кога сте извршувале функција на претседател на Управен одбор на скопската фирма „Машинопромет“. Пријавата го опфаќа периодот од 2008 до 2011 година. Проневерата за која МВР тврди дека има докази е над 1 милион евра. За каков криминал станува збор?

 

- Не, нема никаков криминал во моето работење. Колку што разбрав, полицијата ме сомничи за нешто што се случувало во 2008 година кога јас не сум бил во „Машинопромет“. Тогашниот Управен одбор по согледување од вешто лице утврдило дека застарените резревни делови за стари камиони од времето на СФРЈ, кои не се вредни и предложило до УЈП да се расходуваат. На ова барање УЈП позитивно одговорило. Парите од продажбата на тие делови се уплатени на сметката на УЈП. Членовите на тогашниот Управен одбор колку што ми е познато исто се обвинети и пуштени се да се бранат од слобода.

 

 

Се плашите ли од тоа што ќе бидете притворен, верувате ли во праведно спроведена истрага и во правично судење?

 

 

- Се плашам, но сакам да верувам во правдата и затоа доаѓам.

 

 

Планирате ли да се повлечете од позицијата советник во општина Центар, бидејќи со вашето притворање, силите на власта и опозицијата во советот ќе бидат изедначени, а тоа повлекува одлуките за кои советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат спротивставени ставови да тапкаат во место?

 

 

- Немам зошто да се повлечам, не сум виновен!

 

 

Вашите сопартици утре ќе протестираат пред Основен суд Скопје 1, во знак на ваша поддршка и ќе бараат да се браните од слобода.

 

 

- Им благодарам на поддршката и ги поздравувам. Ќе протестираат затоа што знаат дека сум невин.

 

 

 

Катерина Гетева

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  


 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>