Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/dragi.jpg

Со Бугарите разговараме само за 19 век, со Грците за ништо

  • Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја

  • Прочитано: 12452
  • 28.10.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја

 

Институтот за национална историја (ИНИ) годинава прославува 65 години постоење. Станува збор за најстара институција која е од големо значење за проучувањето на македонската историја, за потеклото на македонскиот народ и за заедниците кои живееле и живеат на ова поднебје. Таа е прва научна институција во Република Македонија, основана во почетоците на македонската држава. Постои од 1948 година и одлука за негово формирање е донесена на самото заседание на АСНОМ во 1944 година.

 

Денес претставува најважна научна институција која ја проучува историјата на Македонија, а нејзината дејност е финансирана од државниот буџет. Сепак, средствата кои се одвојуваат за тоа, вели директорот на ИНИ, Драги Ѓорѓиев, се мали и Институтот од година во година само преживува.

 

- Парите не се доволно. Добиваме средства кои овозможуваат да живее Институтот, но не и да презема поголеми активности и да прави поголеми истражувања. Скратени се средствата, со нив успеваме само да го одржиме нивото на кое е Институтот и историската наука, но недостасуваат за поголеми проекти и истражувања. Освен тоа, средствата кои ни се одобруваат не ги добиваме на време – вели тој.

 

Македонската историја се соочува со многу препреки бидејќи е испреплетена со историјата на соседните народи. На прашањето дали политичките конфронтации меѓу земјите влијаат на објективноста на историските проучувања, директорот вели дека обрачот врз историчарите е многу поопуштен од порано.

 

- Некогаш политиката беше поинволвирана во историјата на Балканот, но сè уште постојат проблематични теми и периоди од историјата, на пример меѓу Македонија и Бугарија, проблеми кои не можат да се надминат. Остануваат ставовите на двете страни околу кои не може да се најде согласност. За сега преку МАНУ и БАН се утврдени три проекти на кои заеднички ќе се работи, еден за процесите на модернизација на Балканот под османлиска управа од 19 век. Одиме на понеутрална тема. Вториот е католицизмот и протестанството во 19 и 21 век и третиот е поврзан со националните движења на Балканот во 19 век. Остварени се први контакти и има добра волја од научниците. Верувам дека тоа е првиот чекор кој ќе придонесе за поголемо запознавање меѓу научниците, но и да се види каде може да се соработува. Само со разговори и дебати до конкретни решенија – објаснува директорот Ѓорѓиев.

 

ИНИ соработува со кадри од целиот свет, а од подеднакво значење се и личните контакти кои ги имаат историчарите. Во моментов се водат преговори за вклучување на ИНИ во проект посветен на историјата на Југославија, нејзините почетоци, причините што доведоа до распадот, под водство на Институтот за историска правда на помирување од ХАГ, како и со Универзитетот во Лајпциг за проект посветен на курикулумите по историјата во високото образование, под водство на проф. Вофганг Хопкен.

 

Во врска соседните држави, додава дека постои соработка со Србија, Словенија и Хрватска. Со тимовите од Бугарија, пак, теренот е нестабилен и внимателно ги одбираат темите, додека со институти од Грција не соработуваат воопшто.

 

- Со грчките колеги нема соработка, лични контакти имаме сите, но институционално не. Темите на кои работиме со Бугарија повеќе се концентрирани на постариот период каде што нема толку чувствителни моменти кои можат да предизвикаат недоразбирање. Османлискиот период, на пример, е понеутрален затоа што не е засегнат националниот идентитет. Теми кои се избегнуваат се националните движења од крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Тука имаме дијаметрално спротивни гледања. Бугарската страна тврди дека движењето има бугарски карактер, и тоа, се разбира, е неприфатливо од наша страна – вели Ѓорѓиев.

 

По однос на спротивставените гледишта на двете земји за специфичноста на македонскиот идентитет и карактерот на Внатрешната македонска револуционерна организација од почетокот на 19 век, директорот вели дека македонската страна има аргументи да се спротивстави на тезата дека македонскиот народ е по потекло бугарски.

 

- Сметам дека овде бугарската страна би требало да сфати дека не држи тврдењето оти Македонците се Бугари по потекло или дека се создадена нација од 1944 година. Нација не се создава од ништо. Не можете од екс нихило да создадете нација. Корените на она што денес ја претставува современата македонска националност одат подалеку. Првите национални изблици потекнуваат од 19 век. Регистрирани се, меѓу другото, во обидите на просветителните дејци, на Ѓорѓија Пулевски, Партенија Зографски. Тоа се луѓе кои зборуваат за посебен македонски јазик кој ќе биде поразличен од бугарскиот – раскажува директорот на Институтот.

 

За историските имиња од тој период, кои сега кај нас се најдоа на многу споменици и скулптури, директорот вели дека предлозите претходно требало да подлежат на посериозна дебата.

 

- Во Бугарија гледаат на тие јунаци како на свои историски личности. Македонското револуционерно движење го претставуваат како бугарско и затоа сметаат дека тоа се бугарски дејци. Мислам дека за некои личности требаше да се создаде прво јавно мислење, да имаше поголема дебата, историчарите да продискутиораат, а потоа да се одбележат имињата. Требаше да се остави подолг временски период пред донесување на одлуките.

 

Со оглед на тоа што националниот идентитет ни е оспоруван од соседните држави, според историчарот, она што го одредува македонското национално чувство е територијата на која се наоѓа државата. Ѓорѓиев вели дека името на територијата и клучно за еден народ да се специфицира и издвои од другите.

 

- Македонскиот народ е врзан со територијата на Македонија. Името го има дадено оваа територија и ако со нешто може да се врзе македонскиот народ тоа е со неа. Не би рекол дека нарушувањето на името е нарушување на идентитет, но името на територијата во времето кога се формира тој народ е клучно. Ако нема територија нема ни држава, врзани се меѓу себе. Она што е карактеристика на овој народ е и македонскиот јазик. Тие се одлики кои го прават поразличен и тие се вредности кои треба да се негуваат – вели тој.

 

Во тој контекст не може да се заобиколи историската перцепција на античката актуелизација преку споменици, архитектура и именување на јавни објекти и улици. Со проектот „Скопје 2014“ ова навраќање кон антиката го доживеа триумфот. Директорот на ИНИ, пак, вели дека поврзаноста со античките Македонци е речиси невозможно да се докаже.

 

- Поврзувањето во етничка смисла со античките Македонци е нешто кое според мене сè уште треба да се истражува и да биде докажано. Сметам дека многу тешко ќе помине тоа кај научниот свет надвор. Тоа е теза кон која треба да се пријде со повеќе внимание и не сум убеден дека може да се докаже директна поврзаност меѓу современите и античките Македонци – рече тој.

 

Античкиот период, вели директорот, е сепак атрактивен, античката Македонија како империја е привлечна и затоа, додава, присвојувањето на тоа наследство е примамливо. На тој начин, вели тој, објасниво е зошто Македонија почувствува потреба да биде дел од таа историја и затоа, смета, се отиде толку далеку. Но, додава, археолошки овој период е дел од македонската почва и затоа имаме обврска да го истражуваме.

 

- Античката историја беше запоставена, повеќе внимание се посветуваше на словенскиот период, доаѓањето на Словените, потоа на револуционерниот период, на Втората светска војна и на соц-периодот по неа. Бидејќи антиката беше запоставена можеби ова денес е желба тоа да се надомести и надополни. Затоа се отиде во нејзино пренагласување - смета директорот.

 

Градењето на толку споменици, пак, посочува тој, може да се сфати како обид да се наметне нешто поинакво на македонскиот народ.

 

- Но, сметам дека со тек на време работите ќе се смират и на површина ќе остане она што навистина вреди. Ќе остане на површина она што има научни и историски аргументи, но потребно е време. Сега целиот тој процес, „Скопје 2014“ уште трае и субјективно се зборува за тоа, но потребно е време – додава тој.

 

 

 

Маја Васева

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>