Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Radko_Manov_GAMA_8noe13-Borce_Popovski.JPG

Државата е дел од „Га-Ма“ и ако сака може да управува со гасоводот

  • Радко Манов

  • Прочитано: 12324
  • 10.11.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Радко Манов

Радко Манов, извршен директор кој ги застапува интересите на „Макпетрол“ во јавно-приватното друштво „Га-Ма“, лиценцирано за транспорт и управување со системот за пренос на природен гас , за Плусинфо зборува за гасоводниот систем во земјава, проблемите во функционирањето на „Га-Ма“, но и за актуелните прашања поврзани со гасоводот.

 

Со најавата дека земјава преку гасоводен крак ќе се приклучи на гасовод Јужен тек, голем интерес предизвика прашањето од каде ќе се приклучиме на гасоводот од Бугарија или Србија. Какви се можностите тоа да се направи на сегашниот систем?

 

- Моето мислење го кажав повеќепати, но ќе го кажам и сега. Гасоводниот систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишен проток. Сега се користи само 10 до 12 отсто од тоа. Тоа значи дека уште многу треба за да се искористи до 100 отсто. Ако на сегашната искористеност се додаде и комбинираната електрана „Те-То“, која сега е исклучена од системот, ќе се трошат уште 300 милиони кубни метри гас. Да претпроставиме дека ќе бидат потребни уште дополнителни 100 милиони кубни метри гас, вкупната потрошувачка ќе изнесува 500 милиони кубни метри. Останува резерва од уште 300 милиони кубни метри. Капацитетот на системот може да се зголеми до 1,2 милијарда кубни метри гас со изградба на компресорска станица на границата со Бугарија. Според тоа, секако дека гасоводот може да се искористи за приклучување на гасоводот Јужниот тек од неговата траса во Бугарија. Тоа е една опција, другата е да се приклучиме кај Ниш, ама тоа се повеќе од 200 километри, за што ќе треба да се обезбедат дополнителни финансии за кои ќе треба кредит. Нелогично е да се задолжуваме како држава, ако останеме на сегашната потрошувачка од 100 милиони кубни метри годишно.

 

Што покажува досегашното искуство, како ќе се зголемува потрошувачката во наредниот период ?

 

- Прво треба да се направи физибилити студија која ќе каже реално кој колку ќе троши, ама тоа да биде реално, не да се пишуваат очекувања и желби, како што е направено во актуелната Енергетска стратегија на замјата. Реалноста е далеку од тоа. Имаме индустрија која главно е стационирана (90 отсто) во Скопје. Тие капацитети веќе се приклучени на гасоводната мрежа и сите заедно трошат 100 милиони кубни метри гас, годишно. Според тоа, може да се направат пресметки и да се заклучи од сега во иднина колку ќе се зголемува потрошувачката. Драстично зголемување на потребите за гас би имало единствено, ако се прават нови гасни термоелектрани, ако се гасифицира ТЕЦ Неготино, потоа ТЕЦ Битоа, ТЕЦ Осломеј. Сакам тоа да се случи, но реално за тоа ќе треба доста време.

 

Колку години се потребни за целосна гасификација на земјата?

 

- Не можам да ви одговорам директно, но ќе ви кажам дека, гасоводот што е во функција сега, кој е долг 100 километри магистрален гасовод, околку 50 километри разводни гасоводи и околу 50 километри мрежа, е изграден за околу пет години. Но пред тоа најмалку две години интензивно се преговараше со Русите, се  подготвуваше проектот, а да може сето тоа да се реализира. Гасоводот е пуштен во 1997 година и тогаш чинеше 52 милиони долари. Реализирана е само првата фаза од обемниот проект за гасификација на земјата, кој треба да се развива во неколку фази.

 

Што всушност опфаќа прва фаза на гасификација ?

 

- Таа го опфаќа магистралниот гасовод од Деве Баир до Скопје со разводни гасоводи кон Крива Паланка и Кратово - Куманово и Скопје север и Скопје југ. Во градовите кои ги спомнав се создадени и градски гасовни мрежи, што дава можност да се приклучи и широката потрошувачка, односно домаќинствата, јавни комунални претпријатија, болници, училишта и друго. Во овој момент најголем број на приклучени фирми и установи има во Скопје (42), во Куманово има неколку, а во Кратово две и тоа е практично сè.

 

Практично, гасифициран е само дел од земјата. Кога ќе се продолжи со реализирањето на другите фази од проектот?

 

- Една од нашите активности кои произлегуваат од лиценцата е да го развиеме системот, но сега, од не знам кои причини и за какви цели, се формира јавното претпријатие Македонски енергетски ресурси (МЕР), во државна сопственост, кое ќе треба да се занимава со тој развој, така што не гледам причина ние да продолжиме да се занимаваме со тоа. Не знам како тоа ќе оди понатаму, и дали процесот ќе почне од почеток, но „Га-Ма“ има искуство и кадар кој се формираше во изминатите години. Како ќе биде понатаму ќе видиме. Во нормални услови, развојот на системот треба да се финансира со парите кои се обезбедуваат од регулираната цената на гасот. Кога се намалува таа цена, практично се намалува развојната компонента на компанијата. И секако, реализирањето на плановите. Ние го имаме тој проблем и затоа досега не успеавме да реализираме многу повеќе од она што го имаме сега.

 

Формирањето на МЕР го предизвика и конфликтот со Регулаторната комисија за енергетика околу лиценца за управување со системот за пренос на природен гас? 

 

- Да, сега сме во конфликт со Регулаторната комисија за енергетика, а тоа ќе го решаваме поинаку, преку ЕУ и Европската енергетска зедница. И за тој проблем не би сакал да коментирам.

 

Со формирањето на МЕР државата најави дека сака целосно да управува со гасоводниот систем ?

 

- Ако државата сака да управува со гасоводниот систем тогаш таа лесно може да го направи тоа. Таа поседува 50 отсто од „Га-Ма“ исто колку што има и „Макпетрол“. Одлуките во управните тела се несат со консензус, па таа може да предложи што и одговара и да се избори за тоа. Но, ако самата сака да управува со системот, мислам дека и тоа може да се реши. А тоа се прави со договор меѓу државата и „Макпетрол“ кој во овој систем вложи 56 отсто од парите, а државата 44 отсто. Дали решение ќе биде со откупување на делот или ќе се донесе поинакво решение е прашање на договорот меѓу партнерите.

 

Во вакви услови, „Га -Ма“ секако има планови какви се тие?

 

- Нашите планови и досега биле, а тоа ќе бидат и во иднина, се да овозможиме приклучување на гасоводниот систем на секој што ќе пројави желба за тоа. Но, се разбира, доколку за тоа постојат технички услови, а и да биде способен да ги поднесе трошоците, зашто според законот  секој што сака да се приклучи на гасоводниот систем, самиот ги покрива трошоците за тоа.

 

Каков е интересот на општините за приклучување на гасоводниот систем?

 

- Има интерес и од општините. Изминатата година, на пример, на иницијатива на Градот Скопје гасифициравме двете средни училишта  „Ѓорѓи Димитров“ и „Здравко Цветковски“. Сега се водат преговори и за приклучување на три училишта во Чаир и Бутел. Работиме и на гасифицира и Клиничкиот центар со што, се спаси градот од еден голем загадувач.

Има и доста фирми од цела земја кои се зинтереисрани да го корист овој енергенс. Ние, поточно „Макпетрол“, направи компресорска станица во Куманово од која тој компримиран гас многу лесно се транспортира до фирмите кои веќе инсталирале систем.

 

Кога може да се очекува приклучување на индивидуални објекти ?

 

- Наша обврска, е да овозможиме секој да биде приклучен на природен гас, онаму каде што постои можност за тоа. Што се однесува за Скопје, „Га-Ма“ веќе го затвори таканаречениот прстен, односно ја оспособи целата градска гасоводна мрежа за да може, кој било дистрибуртер, иако таков сè уште нема, да се приклучи на неа и да почне да ја развива таканаречената нископритисна мрежа која ќе им овозможи на граѓаните да се приклучат и да го користат овој енергенс.  

 

Колку чини приклучокот, дали е скап?

 

- Тоа дали е скап или евтин не можам да кажам, зашто колку ќе чини зависи од повеќе фактори. Така на пример, ако објектот кој се приклучува се наоѓа на 100 метри од цевката, тогаш приклучокот ќе биде евтин, ако е на 500 метри и повеќе секако ќе биде поскапо приклучувањето. Се пресметуваат градежните работи копањето канали, улици, потоа цената на цевките, мерната станица, испитувањето.

 

 

 

 

Рада Исовска - Маневска 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>