Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/lidija.jpg

Кус расказ не би бил доволен да се опише актуелната реалност во Македонија

  • Лидија Димковска

  • Прочитано: 13097
  • 03.12.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Лидија Димковска

 

 

Лидија Димковска е македонска поетеса, прозаист и теоретичар на книжевноста, која од минатата недела е добитничка на наградата за литература на Европската унија за нејзиниот роман „Резервен живот“, кој неодамна излезе во второ издание на издавачката куќа „Или-или“. Престижната европска награда се доделува на годишно ниво, на писатели од 12 земји што се дел од Програмата за култура на ЕУ. Родена е во Скопје каде што завршила Филолошки факултет на катедрата за општа и компаративна книжевност, докторирала на тема романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Во моментов живее и работи во Словенија.

 

Досега објавила неколку книги поезија, а „Резервен живот“ ѝ е втор роман, кој влече инспирација од родната земја, политичките настани од 90-тите години и од позицијата на младиот граѓанин денес, поради што се смета за глас на својата генерација. За македонската литература вели дека се развива паралелно со современите текови во светската литература, но дека недостига државна поддршка за писателите што е согледливо и во фактот што на доделувањето на наградата во Брисел, останало празно местото резервирано за македонскиот амбасадор.

 

Вие сте писател што твори надвор од границите на матичната земја, но кој ја има својата родна земја како лајтмотив во творбите. Што ве тера да се навраќате на Македонија, односно што е она што мисловно ве врзува за земјава?

 

- За Македонија ме врзува сѐ што ме врзувало и пред да заминам: јазикот, потеклото, сите мои блиски луѓе, но и народот во целост, и не мислам само на народот од македонска националност. Сето мое животно искуство е стекнато таму. Иако заминав географски, никогаш не ја напуштив земјата во симболична смисла, туку само го раширив во границите на слободата мојот сопствен идентитет, кој е мешавина од сите мои светови: македонски, словенечки, седумгодишниот романски живот и, секако, космополитскиот во кој апсолутно верувам, живеам и пишувам. 


Ако периодот пред и по распадот на Југославија служи како инспирација во книгата, што симболизираат сијамските близначки Сребра и Ѕвезда, а што нивниот живот на отфрленост?

 

- Одвојувањето на близначките по хируршки пат наликува на одвојувањето на републиките во поранешна Југославија: и во двата случаја тече крв, постојат смртни жртви, се случува трагедија. Независноста и сопствениот идентитет неретко мораат да поминат низ фазата на деструкција од која треба прво да заздрават за да започнат некаква нова конструкција. Тоа се случи и со земјите од поранешна Југославија, и со близначките Сребра и Злата. Животот на отфрленост е едноставно живот на непризнавање, на индивидуално непостоење во постојниот колектив.

 

Колку и како ќе се разликуваше вашиот роман доколку дејството се развиваше во Словенија, односно земјата каде што сега живеете?

 

- Најверојатно немаше да има некоја голема разлика во дејството, мислам дека приказната може да се лоцира во кој било географски простор не само од поранешна Југославија, туку и пошироко. Насекаде луѓето се соочуваат со себеси на ист начин, преку емоции, размислувања, согледби, внатрешни задлабочувања, а егзистенцијалните прашања и во Македонија и насекаде секој си ги одговара на најинтимен начин. Во тоа е автентичноста на секоја и животна и романескна приказна.

 

Деновиве ја примивте европската награда за литература со која се закити и Гоце Смилевски. Што мислите за состојбата во која се наоѓа македонската современа литература, во споредба со модерните текови?

 

- Тоа што и јас и Гоце се најдовме меѓу 12 добитници од цела Европа, и во 2010 и оваа година покажува дека македонската литература си има свое место во модерните текови. Факт е дека авторите од Македонија знаат да пишуваат, и тоа добро. Прашање е само дали земјата знае тоа да ѝ го претстави и на светската јавност. Дали ѝ е тоа воопшто и важно? Видете, на доделувањето на наградата во Брисел, столот на македонскиот амбасадор означен со неговото име остана празен. Исто така и на дописникот од Брисел. Тоа многу зборува за односот на македонските институции кон македонската литература. 

 

Пишувавте за тоа како настаните од блиското минато на Македонија влијаат на животот на обичниот човек. Во неколку реченици, на пример во форма на кус расказ, како би го опишале влијанието на актуелните настани врз граѓаните?

 

- Околу 400.000 македонски граѓани ја напуштија државата во последната деценија. Мојата генерација може да се изброи на прсти. Повеќе од половина од моите пријатели и роднини се соочуваат со невработеност и сиромаштија. Скопје се претвори во град за потсмев во странските медиуми. Културата се исполитизира. Насилството меѓу младите расте. Македонците и Албанците живеат во паралелни светови. Името на земјата виси на конец. Народот виси на конец, и тн. Ако може да се пошегувам, би рекла дека кус расказ не би бил доволен за да се опише актуелната реалност во која Македонија западна, и поради внатрешната и поради надворешната политика што наводно се води за нејзино добро.

 

 

 (Објавено во „Слободен печат“)

 

 

 Маја Васева

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>