Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/jh.jpg

Најлуда Нова година ми е кога настапував со температура од 40 степени

  • Јасенко Хоура

  • Прочитано: 4041
  • 31.12.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Јасенко Хоура

 

Фронтменот на легендарниот југословенски рок бенд, „Прљаво казалиште“, Јасенко Хоура, неколку часа пред настапот на новогодишната ноќ на Сквер „Јадран“ во Скопје, во интервју за „Плусинфо“ зборуваше за односот кон својата музика, за денешните правци, како и за идните планови на бендот. Препознатлив по своите текстови, Хоура вели дека во формата зел пример од англосаксонската поезија со кратки и ритмични стихови, а се инспирирал и од чешката поетска школа. Репертоарот песни, пак, кој ќе биде отсвирен во Скопје е составен со помош на фановите и нивните контакти на социјалните мрежи. Во своите турнеи ги свират оние песни кои обожавателите ќе ги изберат како најомилени.

 

Веќе 36 години сте на сцената како член на „Прљаво казалиште“, како гледате ретроспективно на тоа, во што гледате како на најголем успех?

 

- Сé тоа што се случи можеме да го сумираме во она што еден бенд го дал и што дал своевремено. Тешко ми е да го кажам тоа. Мислам дека е најголем успех воопшто да се направи бенд, да собереш пет луѓе кои се тука поради уверувањата, кои мислат исто. Во политичкиот живот е лесно да најдеш петмина кои исто мислат, но каде ќе најдеш во музиката кои мислат исто и кои се тука поради истата визија? Така што мислам дека тоа е круцијален период кога настанува бендот и кога ја снима првата плоча. На 17 -18 години, како тинејџерски бенд во нашиот случај. А потоа ги направивме тие бројчано големи настани, со голема публика, која ги фасцинира луѓето, а не фасцинира и нас. Но, сепак, не би било ова после, да не беше тоа претходно што се случи. Тоа беше вложен труд, многу работа. Страшно многу работевме и секој ден вежбавме, што е навика и денеска. „Прљаво казалиште“ има секој ден вежби од по 4-5 часа. Мислам дека тоа е тоа што е битно. Но, пред сè, мора да го сакате тоа што го работите за да опстоите.

 

Претпоставувам тоа ве одржуваше на сцена овие 36 години, љубовта кон музиката и потребата да се говори за некои прашања?

 

- Со тек на годините се менуваат интересите. Се разбира, напредувате и учите, почнувате на друг начин да ја гледате околината. Но сметам дека и покрај тоа изразот не може да се смени. Можеби некои работи ги правите на друг начин, но останува потписот, не мислам дека потписот може радикално да се смени.

 

Во споредба со музиката со која започнавте, која е функцијата на денешните правци на алтернативната музика која ја генерираат помладите генерации?

 

- Глобално рокенролот денес ја нема таа функција која ја имал 60-тите или 70-тите години кога тоа биле цели движења, правци, Вудсток, хипици, панкери една декада подоцна. Рокенролот имаше некој друг набој, денеска е повеќе дел од мејнстримот глобално. Со оглед на политичките околности во цел свет и Европа, продефилира некоја нова генерација која има повторно малку револуционерен карактер, и таа заедница секогаш ќе биде на раб на социјалата. Во еден момент рокенролот престана да зборува за било што, младите автори не зборуваа за ништо, како глобалното затоплување на пример. Нема општествена ангажираност. Рокот е забава, но не мора да биде нужно само тоа. Секогаш ќе има некој што ќе зборува, што ќе сака нешто да каже.

 

Дали можете да го забележите своето влијание во новите рок бендови и да видите во некои од нив свои наследници?

 

- Па нема потреба од тоа, денес сите млади бендови се мошне добри. Музички се добро потковани. Нема дилема, посилни се отколку ние во наше време, тоа е дефинитивно јасно. Но, можеме да зборуваме за некоја нова сцена. „Дубиоза колектив“ на пример. Потоа имаме дел кој се приклучи кон некаков хип-хоп или RNB. Можеби рокенролот не секогаш ќе биде најдобра форма за изразување, туку ќе има многу повеќе опции.

 

Вашите текстови се познати, меѓу другото, и по тоа што обработуваат социјални теми. Како гледате сега на современите општествени контексти, која е пораката која им ја праќате на политичарите?

 

- Главен принцип е од каде ги црпите темите. Барем за претходниот материјал, бев затворен, интровертен, пишував свои приказни како да не постои светот. Има и такви моменти. Но, ако се дружите почесто со луѓето и слушате од нив разни приказни, коментари, тоа може доста да ви помогне. Е сега прашањето е дали сте вие нужно ангажирани, или сте само медиум кој тоа го пренесува. Тоа е прашање како и во новинарството. Ние само ја подигнуваме малку вредноста, акциите на приказните. Но колку се очекува од мене да бидам постојано социјално ангажиран. Јас тоа го направив во 79-та година, на првиот албум. Интересно е што сега кога ќе ги погледнете тие текстови, она што е пресликано во нив може да се вклопи и во ова ново време. Чудно, но вистинито.

 

Кои се вашите идни планови, работите на нов албум?

 

- Мислам дека сега за сега ќе биде само сингл. Имаме и работен наслов „Темни водопади“. Мислам дека ќе одбереме една од четири или пет песни кои ги имаме напишано и ќе ја пласираме. Ќе видиме што бендот ќе одбере за првиот сингл.

 

Во пресрет на новогодишната вечер, која новогодишна ноќ до сега ќе ја паметите како најнезаборавна и најлуда?

 

- Не е работата која е најлуда, страшно е кога е ладно. Минатата година свирев во Загреб, а имав температура од 40 степени. Не знам ни со кого свирев, ни кој беше во публика, ништо не знам. Само знам дека после тоа речиси два месеци лежев во кревет. Тешко е два часа да настапуваш на отворено кога е така ладно. Секоја нова година ти е весела кога ќе заврши. Но наредниот ден, каде не те боли. Меѓутоа ја стекнавме таа навика низ годините. Минатата новогодишна ноќ добро ќе ја запаметам. Сепак, секоја има своја убавина.

 

Маја Васева

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>