Последна промена пред 10 години | Недела 10 Ноември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/marjan.jpg

Со демографска структура на младите од пред 12 години нема реални образовни политики

  • Марјан Забрчанец

  • Прочитано: 1158
  • 20.06.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Марјан Забрчанец




Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемна и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН) и Евростат. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата. 



Македонија е единствена држава во Европа која нема спроведено попис веќе 13 години. Неговото натамошно одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.


За тоа говори и извршниот директор на Младинскиот образован форум, Марјан Забрчанец.

Зошто пропадна пописот во 2011-та?

 

- Одговорот за пропаѓањето на пописот треба да се бара на две нивоа, политичко и институционално. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, очигледно, не постигнаа политички договор за успешен и квалитетен попис, а институциите потфрлија и не успеаја да ја завршат започнатата операција.

 

Колку немањето попис е штетно за државата?

 

- Штетата е голема бидејќи, денес, Македонија функционира според нереални статистички параметри и ние не знаеме дали определена статистика која се пласира и врз која се носат одлуки е точна или не е точна. Институциите носат одлуки на нереални и неточни податоци, добиени од попис кој е извршен пред 12 години, во драстично поразлични демографски, политички и социјални услови.

 

Дали постојат алтернативни начини на собирање на важните податоци кои обично се добиваат од пописот?

 

- Ниту податоците од Завод за статистика, ниту истражувањата од тинк-тенк организациите не можат да бидат до крај точни, бидејќи во таквите истражувања се влечат проценти од вкупната популација во Македонија и повторно повикувајќи се на пописот од пред 12 години. Ни една друга статистичка операција не може да биде замена за пописот.

 

Колку немањето попис влијае врз образованието?

 

- Како и во сите области, така и, во образованието, немањето попис влијае многу. На оваа држава ѝ е важно да знае колку луѓе имаат основно, средно или високо образование, колку ја напуштиле државата, зошто ја напуштиле, што прават оние кои се вратиле. Државата може да гради стратегии за намалување на одлив на мозоци, единствено доколку своите анализи ги поткрепува врз реални параметри. Немањето попис ја оневозможува ваквата анализа. Недостигот од попис влијае и врз работата на МОФ. Првично, дел од резултатите од нашите истражувања, исто така, се базираат врз основните параметри од пописот од пред 12 години, што може да влијае врз кредибилитетот на заклучоците. Понатаму, нашето учество во локалните и националните младински политики со сигурност ќе биде поаргументирано, поаналитично и покорисно доколку имаме реални параметри за демографската структура на младите во државата, имајќи го предвид фактот за огромните иселувања од државава, во последните 10 години.




Ова интервју е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, кој има за цел да ја поттикне јавната дебата и да го засили јавниот притисок врз власта, за нужноста од спроведување попис на населението во Република Македонија. Проектот го реализираат НВО Инфоцентар, Македонски центар за европско образование, 8-ми Септември и Центар за развој на медиуми. 

 


Дополнителни информации за значењето на пописот, за тоа зошто пропадна пописот во 2011 година, како и за активностите реализирани во кампањата, може да најдете на интернет-страницата: www.popis.mk






/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3455

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>