Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/aferdita.jpg

Немаме официјални податоци за најранливите категории граѓани

  • Афердита Имери

  • Прочитано: 3181
  • 23.06.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Афердита Имери

 


Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемна и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН) и Евростат. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата. 

Македонија е единствена држава во Европа која нема спроведено попис веќе 13 години. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.

 

За тоа говори и Афердита Хаџијаха Имери, експерт за социјална вклученост.

 

Зошто пропадна пописот во 2011-та?

 

- Затоа што наместо техничка, пописот стана политичка операција, искомплицирана со механизми и процедури за реализација, за кои подоцна се увиде дека немаме капацитет да ги реализираме на терен. Следствено на тоа, со таков недостиг од капацитети и недостиг на политичка волја, пописот пропадна и тоа е срам за Македонија, бидејќи за една држава која се стреми кон европска интеграција, спроведувањето на една значајна техничка операција како што е пописот, е основата за квалитетите и капацитетите на една држава.

 

Колку немањето попис ѝ штети на државата?

 

- Неспроведениот попис влијае многу лошо врз Република Македонија. Немаме релевантни и официјални податоци колку не има, каде сме и колку сме. Сите политики кои во меѓувреме се развиваат не се засновани на реални податоци и затоа тие политики не можат да бидат ефикасни. Со немањето актуелни податоци, не можеме да го процениме ефектот на сите спроведени политики од последниот попис, па до денес.

 

Како немањето попис влијае врз социјалната вклученост и креирањето политики во оваа област?

 

- Ние немаме официјални податоци за тоа колку ги има и каде се најранливите, односно исклучените категории граѓани. Тие податоци ги црпиме од ад-хок истражувања направени од институции или невладини организации. Меѓутоа, тие податоци не се сеопфатни и затоа ни треба попис. Конкретно за социјалната вклученост, ние се надевавме дека преку пописот точно ќе го утврдиме прагот на сиромаштија. Понатаму, политиките за вработување кои ги спроведуваат Министерството за труд и социјала и Агенцијата за вработување, се политики кои се темелат на нерелевантни податоци. Исто така, немаме податоци за движењата на пазарот на трудот, бројот на вработени, побарувачката и понудата на пазарот на труд и др. Со други зборови, ние немаме ниту еден од предусловите за квалитетно планирање и спроведување на политиките.

 

Дали алтернативните начини на собирање податоци (Агенција за вработување, ФЗОМ, МВР) можат да ги заменат податоците од пописот?

 

- Мислам дека таквите начини не можат да го заменат пописот. Тоа се парцијални податоци и тие податоци секогаш ќе бидат спорни. Има податоци кои се добиваат без попис, но има и многу податоци кои не можат да се добијат доколку не се спроведе  попис. Земајќи го предвид нашето секојдневие, контекстот во кој живееме, знаејќи ја политизираноста во нашата земја и знаејќи го фактот дека имаме и уставни одредби кои се темелат врз основа на бројки, а не врз основа на право, немањето попис е нешто најлошо што можело да ни се случи. 





Ова интервју е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, кој има за цел да ја поттикне јавната дебата и да го засили јавниот притисок врз власта, за нужноста од спроведување попис на населението во Република Македонија. Проектот го реализираат НВО Инфоцентар, Македонски центар за европско образование, 8-ми Септември и Центар за развој на медиуми.  

 


Дополнителни информации за значењето на пописот, за тоа зошто пропадна пописот во 2011 година, како и за активностите реализирани во кампањата, може да најдете на интернет-страницата: www.popis.mk



Објавено: 12.07.2014 18:57

Natasha:

Колку може да биде релевантен попис кога од денес до утре има 100 тици умрени 100 тици невработени 100 тици излезени надвор

Објавено: 30.06.2014 11:10

standardi:

Попис нема да се спроведе се додека албанските партии не ги прифатат статистичките стандарди кои се применуваат во цела Европа. Секој кој живее во државата подолго од 12 месеци се попишува (без разлика дали има државјанство или не), а секој кој е отсутен од државата подолго од 12 месеци не се попишува (без разлика дали има македонско државјанство).
Овие граѓани се попишуваат во државата во која што живеат подолго од 12 месеци.
Сите други приказни се приказни за мали деца.

Објавено: 26.06.2014 10:05

rofl:

Nema komentari...

Protiv "ekspertsko" mislenje izgleda tesko se nastapuva so argumenti.

Ili mozebi ne gi objavuvate...

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>