- 16.10.2014 09:21 Бројот на природни катастрофи во 2013 е...
- 16.10.2014 09:18 Високиот комесар на ОН за бегалци ја...
- 16.10.2014 09:16 Косовските надлежни служби го вратија...
- 16.10.2014 09:15 Седум години без Тоше
- 16.10.2014 09:14 Почина поранешниот младински...
- 16.10.2014 09:11 ГАЛЕРИЈА Најубавите жени во Хитлеровата...
- 16.10.2014 09:08 Рускиот претседател Владимир Путин во...
- 16.10.2014 09:05 ИД оствари значителен напредок во Ирак
- 16.10.2014 08:50 ФОТО Две години се во брак, а ова им е прва...
- 15.10.2014 23:09 Времето утре променливо облачно со...
Бакрачески: Нема да одам на концертот на Цеца
Никола Бакрачески
- Прочитано: 5125
- 30.07.2014
Останатo од Никола Бакрачески |
Оцените во јавноста дека годинашнава сезона во Охрид „пропаѓа“, како и причините зошто е тоа така, од лошото време, преку превисоките цени до лошите угостителски услуги, беа топ-тема во јавноста во изминатиот викенд. Дури и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во петокот ги свика локалните угостители за да ја оценат сезоната и да го лоцираат проблемот, по што заклучија дека Охрид има поголем проблем со негативниот публицитет во домашната јавност, отколку со бројот на гостите и потфрлање на сезоната. Со градоначалникот Бакрачески разговараме за охридските проблеми.
Дали сте задоволни од посетеноста на градот во летната сезона?
- Со подобрување на временските прилики имаме наплив на гости. Охрид е преполн со гости. Досега големите хотели беа исполнети со странски туристи од Холандија, Белгија, Турција по претходни аранжмани. Но, морам да признаам дека приватните станоиздавачи, поради лошото време, не беа задоволни и беше полупразно, затоа што приватните станоиздавачи претежно имаат домашни гости. Времето е единствениот виновник, бидејќи не нѐ послужи. Но, откако временските прилики се подобрија, имаме една нова слика на Охрид, градот е преполн и наликува на златните времиња. Се надевам дека доколку биде вакво како сега, моите процени се дека годинава ќе имаме 4-5 проценти поголем број туристи од ланската година.
Што ги очекува граѓаните што ќе решат да го посетат Охрид во текот на викендот за 2 август? Какви се Вашите ставови во однос на пишувањата на медиумите дека сезоната е сиромашна?
- Не би рекол дека е сиромашна сезоната. Во текот на летото имаме голем број културно-уметнички и спортски настани, манифестации со кои ги збогатуваме содржините и понудата за гостите. Има Француски филмски фестивал, Светско кадетско првенство за жени во ракомет, Охрид-фест, Охридско лето. Она по што Охрид се разликува од другите помали дестинации во соседството, она по што е во предност, е што во еден град има редица културно-уметнички настани, кои ги нема во помалите места.
Дали очекувате концертот на Цеца да го наполни градот и да го подобри впечатокот во јавноста за годинашната сезона? Ваша ли беше идејата за таков концерт?
- Локалната самоуправа не е организатор на концертот на Цеца. Јавното претпријатие „Билјанини извори“ го даде стадионот за потребите на концертот, зашто остварува приход од закуп, па одлучи да го изнајми. Моја препорака беше концертот да не се одржи на 2 август. Знаете дека тогаш Охрид е најполн, односно дека на 2 август секоја година има голем концерт на спортскиот стадион. Моја препорака беше дека пејачка од типот на Цеца не одговара на амбиентот, да настапува на 2 август, па организаторите го прифатија тоа и го преместија концертот на 1 август. Охрид за Илинден е најполн, па со оглед на тоа што има љубители на таквата музика од Србија, Албанија, Бугарија, претпоставувам дека тоа ќе биде дополнителен мотив за оние што веќе претходно планирале да дојдат. Јас нема да одам, зашто имам други обврски. Не дека не ми се допаѓа, туку имам други обврски и роднини од странство па со нив ќе бидам на вечера.
Дали се согласувате дека оваа туристичка сезона цените во Охрид се високи?
- Написите дека цените во Охрид се високи, се тенденциозни и невистинити. Охрид е град со цени за сечиј џеб, и за поплиток, и за туристи што сакаат да си дозволат поскапи услуги. Но, да се прави споредба со цените во Грција, сметам дека е дегутантно. Во најскапиот хотел во Охрид со четири или со пет ѕвезди безалкохолен пијалак е 80-90 денари. Нека ми даде некој пример каде на друго место во хотел со четири или пет ѕвезди, пијалак може да се купи за евро ипол.
Како Охрид и општинските власти се подготвуваат за летната сезона што е во тек?
Локалната самоуправа ги почнува подготовките за дочек на летната сезона веднаш по Нова година. Се утврдуваат мерки и активности, кои се предвидува да бидат преземени во насока на подобра организација на туристичката сезона. Пред сѐ, она што е многу важно е да се направат консултации и широка јавна расправа со сите субјекти во делот на туризмот. Ги повикуваме хотелиерите, сопствениците на плажи, приватните станоиздавачи, сопствениците на ресторани, кафе-барови, ноќни клубови, и ги вклучуваме СВР Охрид и капетанијата како многу важни субјекти. Екипите на Црвениот крст на Охрид се вклучени во едукација на голем број наши сограѓани што учествуваат во спасување на вода, бидејќи секој концесионер треба да има обезбедено спасувачи. На тие трибини се собираат сите и правиме брејнсторминг, сите даваат видување како треба да го подобриме квалитетот на услугите и врз основа на тие видувања преземаме мерки и активности, секој во својата надлежност. Она што е мошне важно за нас е да имаме почитување на тоа што како градски совет сме го донеле. Пред сѐ, би ставил акцент на обврските на концесионерите за одржување на плажите да има тоалети, интернет и доволен простор ослободен од реквизити. На почетокот од летото, Инспекторатот утврди дека не се почитува ова во делот за обезбедување слободен простор без лежалки и чадори, каде што гостите непречено ќе може да го користат просторот без да бидат обврзани да изнајмуваат лежалки, чадори. Веднаш презедовме мерки и Инспекторатот им укажа, па сите недостатоци се отстранети. Нашите инспектори се на терен. Она што е за нас религија е гостинот да биде задоволен и гостите се најдобри оценувачи.
Разговараше: Мирослава Бурнс
Интервјуто е објавено во „Слободен печат“
Објавено: 31.07.2014 15:32
Gradonachalnik e javna , a ne privatna funkcija:
Gradonachalnikot mora da e tamu kade mu se gradjanite, a ne so "prijatelite". Ako navistina taka saka, togaj neka bide shef na prijatelite, a ne na gradot i narodot.
Напиши коментар:
име:
|
|
е-маил:
добивајте известувања за коментарите на маил
|
|
порака:
|
|
Најчитани вести од последните 24 часа
Најкоментирани вести од последните 2 недели
Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал
Објавено: пред 18.09.2014 12:00Прочитано: 3455
Објавено: 10.08.2014 15:43
avgust:
Aman, OTIDI na koncertot i trgne se od tuka!