Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/jove.jpg

Која е поентата на Груевски?

  • Јове Кекеновски

  • Прочитано: 9609
  • 24.01.2013
Сподели со твоите пријатели!

(лажна приказна, лоша анализа и проценка или порамнување на сметките)

При гостувањето на премиерот Груевски во емисијата кај Миленко Неделковски со одбрани новинари и професори (читај: внимателно селектирани за ситуацијата не дај боже да излезе од контрола) во еден момент премиерот се изјасни дека на претседателските избори во 2004 година државниот интерес му бил поголем од личниот и од партискиот. И тоа е сосема е нормална работа. Меѓутоа, не можам да сфатам државниот интерес да биде да се избере претседател на држава, и тоа не било кој, туку токму Бранко Црвенковски.

 

Слушајќи го таа вечерта ова тврдење и самопризнание на Груевски, останав подзинат за кажаното, меѓутоа, сепак не сакав сам да си признаам дека такво нешто беше изговорено. Си велам, белким не сум разбрал добро бидејќи емисијата беше долга, а од предвидливоста на прашањата кои ги поставуваа селектираните некако ме совладуваше сонот таа вечер. Кога еве веќе наредниот ден ударна вест на вестите на нему љубимата телевизија Сител е токму таа секвенца од емисијата. Си велам овде некој ги помешал лончињата  или пак човеков и неговите спинери сакаат нешто да кажат што во овој момент мене а верувам и на повеќемина не им е јасно? Нешто не ми штима во приказнава? И веднаш ми се јавува трилема. Се работи за лажна приказна, за тогашна лоша анализа и проценка или пак се работи за јавно искажување на обид за порамнување на сметките од минатото? Кое од овие претпоставки да ги анализирате секаде можете да најдете празнина и нелогичност.

 

Пред да ги разработиме овие хипотези да се потсетиме дека по одржувањето на првиот круг на претседателските избори во 2004 година, во втор круг влегоа Бранко Црвенковски со освоени 385.347 гласа и Сашко Кедев со освоени 309.132 гласа. Значи разликата од околу 76.000 гласа со кои Црвенковски водеше во првиот круг немаше теоретска шанса да бидат надоместени од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, особено ако се знаеше дека голем дел од албанските гласови во втор круг ќе отидат на контото на Црвенковски. На сите им беше јасно дека со таков кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, единствено Црвенковски можеше да биде победен доколку изборите не успеат. Пред одржување на вториот круг му претходеше јавно изразен став на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и на поголем број вмровски членови (меѓу кои и јас) дека изборите треба да се бојкотираат, односно да не се излезе на гласање, за да не победи Црвенковски. На сите тоа им беше јасно како бел ден, но очигледно дека математиката на Груевски била друга.

 

Ај да почнеме со анализирање на првата хипотеза формулирана како лажна приказна. Во самопризнанието Груевски јасно вели дека се плашел дека доколку пропаднеле изборите, тогаш на повторените претседателски избори, ќе немале да гласаат другите (демек еднаш едните бојкотираат, а наредниот пат другите) и така земјата би можела да се најде во политичка криза. И затоа, имајќи ја предвид опасноста од политичка криза, дури и по цена на негово заминување од чело на ВМРО-ДПМНЕ, тој го надминал личниот и партискиот интерес и се одлучил за државниот. А државниот интерес ти бил државата да добие претседател и тоа не било кој, туку токму тој - Бранко Црвенковски!

Морам да признаам дека иако оваа премиерска приказна ми изгледа мошне интересна (бидејќи ме враќа во годините кога бев мал и кога мојата баба ме заспиваше со вакви и слични приказни), сепак, истата воопшто не држи вода. Не би сакал читателите да помислат дека сум малициозен или саркастичен, но навистина вака раскажаната приказна е моше проsирна и бледа. Проsирна како најтенок лист хартија. Чиста небулоза и демагогија. Мислам дека имавме несвесен обид на саморазголување и автопортретирање како идеолошки и ментален клон на лице кое до пред десетина години било негов идол. Секој понатамошен коментар и обид истата да се анализира и од друг аспект е  излишен. Оценката за оние кои го советувале на ваков начин да го претстави ова дамнешно погубително случување чии негативности ги чувствуваме од тогаш па сe до денес е најмалку можната. Чиста единица.


Од друга страна се повеќе ми се наметнува дилемата дали воопшто се работи за лоша анализа и проценка иако се повеќе сум убеден дека е во прашање однапред точно утврдена стратегија со позитивен исход за двете страни. Да се потсетиме дека во последните два–три часа пред затворањето на избирачките места од централата на ВМРО-ДПМНЕ стигнува наредба (смс порака) до нејзините членови да излезат и да гласаат. И токму поради тој повик излезноста беше 53,6 отсто и Црвенковски стана претседател со освоени 550.317 гласа наспроти освоените 329.179 гласа на Сашо Кедев. Зошто ако Груевски и неговите најблиски соработници знаеле дека Црвенковски и неговата партија прават фалсификат во вториот круг, наредуваат вмровското членство да излезе на гласање и тоа токму на само нешто повеќе од два часа пред затворањето на избирачките места? Зошто мораше по секоја цена да се обезбеди минимален одѕив на гласачите и Црвенковски да стане претседател? Зарем во други држави не се случувало изборите да не успеат? Зарем државата ќе пропаднеше доколку не се избереше претседател? Сигурно дека одговорот е негативен. Од денешен аспект мислам дека математиката во тој момент била мошне јасна. Едниот станува претседател, а медиумите и верните транзициски богаташи (во тоа време се уште под конторола на Црвенковски) треба да му помогнат на политичкиот опонент, на новата политичка sвезда да се зацврсти на лидерската позиција во партијата. Потоа следува максимална како медиумска така и друг тип поддршка на младиот лидер, со случувањата во „Панорама“, но и подоцна кога дефинитивно се расчистува со почесниот претседател Љубчо Георгиевски.


И сега доаѓаме до третата хипотеза. Порамнување на сметките? Ако внимателно го анализираме признанието на Груевски ова ми е некако најреална. Според него,  цитирам: „Сега Црвенковски е во една слична ситуација. Тој знае дека ќе изгуби на следните избори и знае дека ќе се соочи со зголемен притисок за негово заминување. Ако оди според државните интереси тој не би требало да бојкотира. Тој бара да не оди на избори зашто на прво место го има личниот интерес“.  Мошне симптоматично и прозаично. Дали сега Груевски сака да го потсети Црвенковски што тој сторил за него во 2004 година и истовремено јавно да му каже: „Пријателе немој да забораваш. Ако тогаш јас се определив за државен интерес (ти да станеш претседател) сега ти почитувај го државниот интерес (јас да останам премиер до крајот на мандатот) и враќај се во Собранието. Сметките одамна ни се израмнети, ама јас ти давам повторно шанса.“

 

Ха,ха,ха, мошне интересна претпоставка, која ќе ги разбуди и другите малку да размислуваат во оваа насока, а оние кои знаат малку повеќе за ова и јавно да проговорат, за да конечно дознаеме кај пикна тикваата меѓу двајцата. Што беше причина да се расипе калимерата? Но, вистината е како шило, што би рекол Груевски, врти, врти и ќе излезе на виделина, кога, тогаш.

 

И на крајот си велам каква политичка криза, какви бакрачи, какви партиски или државни интереси. Се се сведува на онаа за Мурто и Курто. И затоа се повеќе кај мене се зацврстува сомнежот дека можеби се работи за строго контролирано фингирана политичка криза и на ист начин наводно личен анимозитет демек до фаза на крвни непријатели. Во спротивност досега или едниот или другиот ќе најдеа начин јавно да проговорат до каде е со некои афери или зошто се дозволи да застарат некои кривични пријави. Вака испаѓа дека слушаме и гледаме само евтини и празни приказни наменети за билдање на сопствениот рејтинг. Народната поговорка вели: „Додека има овци ќе има и волна или колку се тие волци толку сме ние овци“. За среќа не сме сите.

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>