Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Pimen.jpg

Слободата и верата како мера на човечноста

  • Пимен, Митрополит Европски

  • Прочитано: 6487
  • 07.01.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Пимен, Митрополит Европски

Божик, празникот на Христовото раѓање, означува една од најфасцинантните приказни во човековата историја, раѓањето на Богочовекот. Овој голем христијански празник е повод за интервјуто со владиката Пимен, митрополит на Европската епархија на МПЦ-ОА.

 

Велат дека приказната за Христовото раѓање има поткрепа и во историската реалност, а не само во митот. Зошто, владико, на христијанска религија ѝ е потребна оваа нарација за отелотворувањето на Светиот Дух во животот и во делото на еден земен пророк, кој потоа ќе се покаже бесмртен и ќе се вознесе на небото? За да биде полесно разбрана, прифатена и доживеана?

 

- Христовото Раѓање е дарувана реалност за човекот и светот, таа реалност, овоплотувањето на Синот Божји, во Црквата ја живееме не само историски, туку и сега и овде, па сè до исполнувањето на времето во царството Божјо. Синот Божји дојде во светот и го прими на Себе човечкото тело, во сè вподобувајќи се на нас луѓето, освен во гревот (Евр. 4,15). Во тоа е и големината на овој настан, на христијанството не како религија, туку како начин на живот, дека Бог стана човек и ги урна стереотипите дека Бог се пројавува кон нас и кон светот како недостижен Апсолут, туку се јавува како она што е, конкретна Личност, сега и како секој од нас кому можеме да му се обратиме со Ти. И затоа, накратко, светите отци во Црквата, Божик го објаснуваат со зборовите, Бог стана човек, за човекот да стане бог по благодат. Бог слезе на земјата, за да може човекот да се искачи кон небесата.

 

Нашата црква, наследничка на славната Охридска архиепископија, е обновена во периодот на социјализмот, речиси буквално со декрет од луѓе што верувале дека религијата е опиум за народот. Денес христијанството е државна религија во Македонија и доминантна е тезата дека во последните две децении народот ѝ се „вратил“ на религијата, откако попуштиле стегите на едноумието. Од друга страна, секој повозрасен човек денес ќе ви каже дека во „она“ време се живеело многу подобро, почесно и похумано, што ќе рече и похристијански, одошто денес. Како го објаснувате тој парадокс?

 

- Ретко со што можеме да се пофалиме во нашата историја, а толку долго да трае, станува збор за Црква која организирано егзистира на овој простор и меѓу овој народ повеќе од осумстотини години. Стремежот на сите генерации од македонскиот народ било возобновувањето на Охридската архиепископија како помесна Црква на македонскиот народ. Но, ете Господ сакал, тоа да се случи не во национал-романтизмот од 19 век, како кај нашите соседи, туку во 20 век, кога Македонија е држава во рамките на југословенската федерација. Независно од тоа на која политичка партија или идеологија припаѓале, сепак и тие луѓе во себе ја носеле верата кон Бога, како што и секој партизански одред во НОВ си имал и свој свештеник, па и тие сигурно сметале дека слободата на Македонија е нецелосна ако ја нема Македонската православна црква, а оние што сметале дека „религијата е опиум за народот“ биле само поединци или групи што сакале себе да се промовираат во „доследното исполнување“ на идеологијата на која ѝ припаѓале, за дојдат до некои повисоки функции.

 

Она што би сакал да го истакнам, дека овие две децении наназад, се отвори на еден начин можноста без какво било чувство на притисок секој да може да пристапи слободно кон Црквата, наменски, спонтано, помодарски или како и да е, но ете, повторно да се запознае со верата на своите, ако не татко и мајка, тогаш сигурно на своите дедо и баба, кои живееле со верата и Црквата, а тоа живеење со верата го пренеле и како морални начела во тоа општество, затоа сметам дека на овој или оној начин врската со верата не престанала, во овој период се омасови и голема придобивка е сепак возобновувањето на монаштвото, на интересот за молитвата, постот, Литургијата и светата причест итн.

 

Не само овде, туку и во светски рамки, пред налетот на агресивната комерцијализација на сè и сешто, и егзистенцијалниот спринт, попушта моралот, чесноста и човечноста и во некогашниот социјалистички блок, но и во т.н. стари западни демократии. Затоа, Црквата инсистира на веронауката во училиштата за да се обнови таа поврзаност со моралот, каде што повторно зборот, образот и милосрдноста ќе најдат место во ова наше време, кога децата од мали ќе се запознаат со верата и начинот на живот кои произлегуваат од неа, сметам дека и етиката подобро ќе се врзе за нивното искрено срце, ние возрасните имаме премногу изговори.

 

Да бидам искрен, она што мене, како агностик, ме фасцинира во приказната за Исус Христос, не е ниту безгрешното зачнување на Богочовекот, ниту неговите моќи кои ги потврдува со чудотворење, туку една неверојатно доследна етичка димензија, која, според моето лаичко мислење, е најголемата вредност на христијанската доктрина. Колку луѓето денес го препознаваат тој систем на вредности и се раководат според него?

 

- Милост сакам, а не жртва, тоа го рекол нашиот Спасител, и само ако ги практикуваме овие зборови, тогаш вистински и сме ги разбрале и ќе го живееме христијанството. Го љубиме ли ближниот свој како себеси, го гледаме ли во секој човек образот Божји по кој е создаден, тогаш сигурно ќе го сакаме и Бога со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум, и тогаш несомнено ќе ги разбереме и тајната на Неговото безгрешно зачнување, ќе ги разбереме и Неговите чуда. Оние што пристапиле љубовно, слободно и личносно кон Христа, го препознаваат како вистински Бог и како вистински човек, и ако направат место во нивното срце за Него, тогаш лесно ги прифаќаат спасителните заповеди и се раководат според нив, секој според своите сили и личен труд.

 

Клирот веројатно треба со личен пример да ги докаже вредностите и придобивките на учењето што го проповеда. Дали е стереотип тоа што ние, обичните смртници, од свештениците очекуваме да бидат многу поскромни, побогобојазливи и поотпорни на земските задоволства и на заводливоста на моќта и на близината со власта, одошто е сега случај?

 

- Што се однесува до смртноста, сите сме смртни, и мораме да го поминеме и тој животен настан, но Воскресението Христово е нашиот премин кон вечниот живот. Никој не бил изземен од тој пат, дури и самиот Христос, беше понизен, претрпе крсна смрт, беше погребан, но воскресна од мртвите отворајќи пат до бесмртноста на секој човек што верува во Него, по Неговото Воскресение тој се јавува на апостолите и ги уверува дека за тоа им зборувал, за вечниот живот. Стереотипите често ги градиме според нашите страсти, кои наместо кај нас, ги препознаваме полесно кај другите и ги осудуваме. А, клирот не е нешто посебен од народот од кој и произлегува, и ние како свештенослужители сме изложени на исти искушенија, некој ќе им одолее, но некој не. 

 

Сè се решава во нашето срце, дали е наклонето кон добро или кон зло, изборот е слободен. Но, важно е дали ќе го најдеме патот на покајанието, а кога ќе го најдеме, да почнеме да сведочиме со дела. Црквата е заедно клирот и народот собрани во Литургијата околу Путирот од кој ни се дава самиот Христос. Силата Христова треба секогаш да ни е доволна, бидејќи Црквата опстојала и опстојува бидејќи е Тело Христово, но животот во светот што треба да го преобразуваме во вечност, понекогаш доведува да има форми на влијание што се препознатливи низ историјата како теократија или цезаропапизам. И едното и другото не се цел на Црквата, но во денешно време ова второто зема сѐ поголем замав во светски рамки. Треба да се трудиме слободата да не ја загубиме, бидејќи по неа препознаваме дали сме луѓе.

 

Не мора човек да биде верник, за да знае дека нашата христијанска црква е темел на нашата духовност и на нашиот македонски национален идентитет. Во последниве години, како да подзаборавивме на тој факт. Денес некои лажни пророци што нѐ собираат по плоштадите, како што вистински прорече големиот Конески, се обидуваат да го редефинираат нашиот идентитет и од него да ја отуѓат неговата есенција, нераскинливо поврзана со делата и со наследството на словенските светители Кирил и Методиј, на Климент и на Наум, на нашите раносредновековни неимари и живописци, на нашите подоцнежни преродбеници и втемелувачи на македонската култура. Ако нешто не можам да им простам на владиците на МПЦ е тоа што молкум и дури и со одобрување гледаат на тој инженеринг, на тоа раѓање на една холивудска приказна, во која главни актери, всушност, се пагани и вистински безбожници. Не се чувствувате ли повикани да реагирате против оваа бласфемија?

 

- Сè во Македонија и кај македонскиот народ некако е поврзано со дејноста на Охридската архиепископија, архитектурата и уметноста, книжевноста и образованието, воспитанието. Темелите на модерното образование е во црковно-училишните општини кои ги наследија келијните манастирски школи, првото организирање или начин на своја слободна управа во услови на туѓо владеење секогаш го имало во одборите при парохиските цркви, насоките за начинот на дејствување секогаш ги давало домородното свештенство кое секогаш потекнувало од македонскиот народ итн. Нашата Македонска православна црква се нарекува уште и Светиклиментова, како и Охридска архиепископија, а како што вели латинската поговорка nomen est omen, јасно е кажано за поврзаноста на нашата црква и нашиот народ со дејноста на светите Климент и Наум Охридски, едниот како прв словенски домицилен епископ, другиот како родоначалник на монашкиот живот. Почитувајќи ги нив, ги почитуваме и нашите рамноапостоли Кирил и Методиј и сите наши светители што произлегле од тоа Божјо дело, а целокупната наша македонска култура ја поврзуваме со нив. И тие се надоврзуваат на континуитетот на христијанството во Македонија, на св. апостол Павле, св. Лидија, св. Еразмо, св. Ахил, св. Јустинијан. Тоа е што се однесува до континуитетот на црковното живеење и тука морам да запрам што се однесува на христијанската историја во Македонија, за другото нека дискутираат историчарите, археолозите или актерите.

 

Владико, животот на Исус, како што е познато, завршува со една чудна и неразбирлива одлука да не се бега од насилната смрт, да се исполни „пишаното“, да се принесе најголемата жртва, својот живот, како најголем и финален доказ на вербата. Живееме на конкретен простор и во конкретно време. Каква жртва од нас се очекува, денес и овде, за да поживееме барем малку почовечно и за да можеме со малку поголема радост во душите да ги дочекуваме празниците како овој што ни претстои?

 

- Како што вели и апостолот, за праведник одвај ќе се најде некој да пострада, но за грешник нема да се најде. Но ете, Христос пострада за нас, за нашите гревови и за живот на светот. И токму пожртвуваноста за ближниот е најголемата добродетел. Христос ја бара само волјата на Својот Отец, Кој се грижи и промислува за сè, а промислата или поточно домостројот на Светотроичниот Бог за човекот и светот беше таа, БогочовекотХристос докрај ја испочитува. И како што кажав претходно, само оној што љуби до самозаборав може да ја разбере Христовата жртва. Но, таа жртва ни го отвора патот до мирот и радоста во Бога и во нашиот ближен, во секој човек. Од нас се бара токму таа жртва, жртвата на љубовта. Еден православен светител од 20 век, св. Силуан Атонски, вели, доколку владетелите би ја познале Божјата љубов, тие никогаш не би завојувале еден против друг. Така и ние, ако ја спознаеме Божјата љубов, никогаш не би се замразиле еден со друг. Или, ако не можеме да го исполниме богочовечкото и да чиниме добро, тогаш да го исполниме човечкото, да не чиниме зло. Но, да го избереме првото, и радоста ќе биде поголема.

 

Христос се роди – навистина се роди!

 

Бранко Героски

 

 

 

(Објавено во Слободен печат)

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 





 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>