Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Pimen.jpg

Го избркаа Христа со вулгарностите и вандализмот

  • Пимен, Митрополит Европски

  • Прочитано: 21532
  • 13.06.2013
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Пимен, Митрополит Европски

Митрополитот Европски г. Пимен деновиве беше прилично експониран во јавноста поради неговите критики кон однесувањето на „верниците“ кои тргнаа да го сопираат наводното прогласување на црквата во изградба Свети Константин и Елена за дивоградба. Неговите согледувања беа позитивно прифатени и од многумина кои не се сметаат за верници, а се случи и една блага полемика меѓу него и неговиот колега, владиката Агатангел. Владиката Пимен за Плусинфо појаснува дека таа размена на мислења, сепак повеќе се должи на недоволно брзо формирање на целата слика за тоа што всушност се случува, нагласувајќи дека МПЦ-ОА е обединета во осудувањето на вандализмот.

 

Како ги коментирате протестите против наводното рушење на црквата „Св. Константин и Елена“?

- Најпрвин да кажам дека апсолутно се согласувам со терминот „наводно“ кој го употребивте во прашањето, бидејќи токму тоа беше каменот на сопнување во овие протести. Пред време пуштената информација за наводното рушење, а подоцна претпоставките што подразбирала таа промена на ДУП, доведе до излегување на протестите од контрола. Однесувањето на оние кои протестираа демонстрирајќи сила, кое, патем, е сосема спротивно на христијанскиот дух само го оправда моето мислење дека не станува збор за вистински верници.

 

До каде е вистинската вера, а каде почнува политиката во умовите на овие верници?

- Верата ни дава ревност неустрашливо да ја браниме верата, но ни дава и насоки и граници. Кога ќе се напушти она сведочење на мирот Христов, кога ќе се почне со вулгарности и вандализам, веќе нема место за Христа. Тогаш настапува верскиот фанатизам, кој често знае да се стави во служба на политиката и да донесе несакани последици.

 

После ваквите протести, може ли да се зборува за единство на верниците и единство во МПЦ?

- Единството во МПЦ постои, никој од нас нема да благослови насилен протест, ниту рушење на црква, ниту рушење на општината. Нашите ставови на почеток малку се спротиставија од, како што спомнав погоре, предвремената и непроверена информација за наводното рушење на црквата, но повторно се обединија во осудувањето на вандализмот. Верувам дека истото тоа се случи и на ниво на верниот народ, дека и оние кои се појавија на протестот од вера и ревност за црквата, кога го видоа однесувањето на дел од групата, го напуштија протестот.

 

Кој е историјатот на претходната црква Свети Константин и Елена“, односно што е тоа што предизвика решение за повторна изградба?

- На местото на денешниот популарно наречен Жена парк постоела истоимена црква. Многумина постари скопјани со носталгија и денес се сеќаваат на неа. Многумина се крстиле во неа и првите христијански вистини ги научиле токму таму. Едноставно, емотивно се врзани за таа црква. Но поради оштетувањата од земјотресот била донесена одлука комплетно да биде срушена. Сметам дека токму љубовта и носталгијата на овие луѓе е причина за нејзино возобновување.

 

Последниве протести по реториката и по постапки на поединци потсетуваат на инцидентот на плоштадот Македонија во 2009 година, кога беа тепани демонстранти. Тоа ли е суштината на евангелската порака?

- Да, потсетуваат, но среќа овој пат не дојде до меѓучовечки физички контакт, сиот бес се истури врз опшинската зграда. Реториката е повторно иста и далеку од христијанските принципи. И ако се следеше духот на христијанството, добронамерно ќе беше сфатено она мое опоменување за јајцата, а не да се возврати со канонада од јајца и по мене. (не го сфаќајте ова буквално).

 

Каква порака праќа МПЦ кон верниците со тоа што е длабоко „зафатена“ со власта? Ги поддржува проектите за повеќе деца, против абортус, се осветуваат разно-разни државни објекти и сл. Зошто МПЦ едноставно не си ја гледа својата работа?

- Дел од работата на МПЦ е и да изнесува свои ставови по одредени прашања, особено на морални теми или пак да опомене кога некои закони се косат со христијанското учење. Благословувањето е исто така наша работа, но се согласувам дека не мора да се прави од тоа толкав маркетинг. Е сега, некогаш сме во позиција во исто време да форсираме ист став со сегашната власт, па да оставиме таков впечаток на "длабока зафатеност".

 

Големо внимание предизвика, барем според некои медиуми, донесувањето на „честичка од Чесниот крст“ во Скопје. Не требаше ли претходно најодговорните, Синодот, или барем викарниот епископ, да излезат и да го кажат своето, пред да се направи сензација?

- Тоа е она поместување на вредности со кое не се согласувам ни јас. Ако веќе таква реликвија стигнала во нашата земја, во нашата црква требаше да се дигне нивото на тој настан. Да се напише синодско соопштение со кое ќе се информира верниот народ и ќе се повика на поклонение. Секоја чест на нашиот студент, но со овој наш пропуст само се направи овој настан само негова лична промоција.


Сашо Спасоски

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>