Последна промена пред 10 години | Недела 10 Ноември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/rilkos02i.jpg

Гласачите од Пустец останаа во Избирачкиот список

  • Никола Рилкоски, претседател на ДИК

  • Прочитано: 1865
  • 28.03.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Никола Рилкоски, претседател на ДИК



Гoсподине Рилкоски, со какви проблеми се соочува ДИК во подготвките на изборните процеси во април, редовните претседателски избори и предвремените парламентарни?


- Државната изборна комисија во моментов не се соочува со некои особени проблеми, проблемите се тековни кои што во од ги совладуваме. Последните денови имавме мал застој во заклучувањето на Избирачкиот список кој што требаше да се заклучи според роковникот на 22 март, ние тоа го направивме по четири дена, од единствена причина што се појавија технички пречки во однос на изнаоѓање на една група избирачи, околу 21 на број, кои што не можевме да ги усогласиме заедно со Заводот за статистика. Тоа го завршивме, го доведовме Избирачкиот список во нивелирана состојба. 
Јас лично се залагав со секој гласач да мора да биде чиста ситуацијата што и го постигнавме. Тоа не значи никакво задоцнување во изборниот процес. Избирачкиот список веќе е на печатење и се ќе биде навреме за изборниот процес. 




Овие избори треба да бидат спроведени според правилата кои ги диктира новиот Изборен закон кој беше донесен со консензус од сите партии. Сепак, власта предвреме ја започна предизборната кампања, односно води таканаречена скриена кампања. Како ДИК ќе постапи со прекршителите на законот?

 

- Точно е дека власта ја отпочна изборната кампања за претседателските избори. ДИК доби и две пријави од СДСМ по однос на предвремената кампања за претседател од страна на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Ѓорге Иванов. По тие пријави ДИК расправаше и едната пријава е прифатена и констатирано е дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја почнал кампањата пред време и ние поведовме прекршочна постапка. Во четвртокот прекршочната пријава ДИК ја поднесе до надлежниот суд. Според мене, сега може да е Ѓорге Иванов, утре друг, мене не ме интерсира ниту име, ниту функција. За мене како претседател и за ДИК важно е дали законот се почитува. Кој го прекршува законот треба да сноси и одговорност. Сите пред законот сме еднакви и во иднина за секој прекршител на законот ДИК ќе постапува во ваква форма.


 

Избирачкиот список за претседателските избори е затворен. На претставките на ДУИ и СДСМ, ДИК одговори негативно. Дали ДИК успеа да го исчисти Избирачкиот список со што ќе се гарантира и фер изборен процес?

 


- Прочистен Избирачки список и фер изборен процес не би ги споил. Фер изборниот процес не зависи многу од ДИК, бидејќи Комисијата треба да ги спроведе изборите онака како што налага законот. Дали ќе се фер или не, тоа зависи од други, односно од учесниците во изборниот процес, што ги подразбира самите политички партии. Ако тие одлучиле да се фер, ќе бидат фер, ако одлучиле поинаку ... Еден дел од приговорите кои беа поднесени во делот на Избирачкиот список, за жал, не беа прифатени. Веднаш ќе ви кажам за гласачите од Пустец, лично сметам дека тие се најдискутабилни и најкарактеристични и во претходните избори беа и сега се појавуваат како гласачи де во Македонија, де во дијаспората, конкретно во Албанија не се исчистија. Добро е што барем дел од она што се кажуваше во приговорот на СДСМ, односно дека има група починати кои се уште се наоѓаат на Избирачкиот список се усвои. Избирачкиот список се исчисти од оние лица за кои ни потврдија и од Матичната служба дека се починати, станува збор за некаде 18-тина. Ова беше од една пријава на СДСМ, од каде излегоа 18 лица. Тоа значи дека во списокот од 1.707.572 гласачи произлегува дека најверојатно има и други надвор од тие 18. Тоа е добро, барем за починатите лица колку-толку избирачкиот список го исчистивме.

 

 

Но, гласачите од Пустец останаа?

 



- За жал, гласачите од Пустец останаа. Јас лично ќе кажам дека на таа категорија гласачи не им е местото во Избирачкиот список. Тие формално задоволуваат услови со тоа што државата им издала документ, неспорно е имаат двојно државјанство имаат последна адреса на живеење во Македонија, неспорно е, но спорно е по мене местото на живеење во Македонија. На иста адреса, во исто живеалиште по 50- 60 од нив да живеат. Во Африка не живеат во колиба 60 луѓе. Освен тоа, тие луѓе со години живеат во Албанија, создале семејства, имаат земја за обработка, стандардот на тие луѓе го имаме видено и на телевизија и истите тие луѓе нас не убедуваат дека се сопственици на куќи, станови во Скопје, Охрид, Струга, Преспа, Кичево и врз основа на таа сопственост го стекнале местожителството. Тоа за мене нема врска со законот за давање на правото на местожителство. Јас не сум тој што треба сега тоа да го коментирам, но можеби во некоја друга прилика ќе се дознае како тие ги добиле местожителствата со што го стекнале правото да може да гласаат.


Дали Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори ќе биде идентичен со Избирачкиот список за претседателските избори?


- За претседателските избори бројот на гласачи го имаме веќе, 1.707.572 гласачи. За 
предвремените парламентарни избори тече рокот за увид во Избирачкиот список. Сигурно е дека ќе има промени, во меѓувреме ќе има лица кои ќе се стекант со полнолетсво, ќе има починати лица, ќе има лица кои добиле државјанство, некои можеби ќе се иселат. Бројката нема да е иста. А што се однесува до гласањето во дијаспората, очекуваме интересот да биде поголем за предвремените парламентарни избори. До 30. март е рокот за пријавување, па ќе видиме дали ќе бидат повеќе од оние 8.000 гласачи пријавени за гласање за претседателските избори.

 


Колку е изложена Државната изборна комисија на политички притисок?

 

- Со самиот состав во Комисијата политиката е веднаш присутна во Комисијата. Сите членови сме предложени од политичките партии. Ние сме вкупно 7 членови, 4 од власта, 3 од опозицијата. Соодносот на силите веднаш е познат. Но кога ќе дојдат клучните моменти за одлучување каде партиите жестоко се борат да дојдат до глас повеќе тогаш мислам дека во ДИК ќе се замеша и политиката. Колку ќе бидат отпорни членовите на ДИК на политичките притисоци зависи и од нив самите.

 

Катерина Гетева

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3455

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>