Последна промена пред 10 години | Недела 10 Ноември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/rilkos02i.jpg

Без попис нема доверба во избирачкиот список

  • Никола Рилкоски, претседател на ДИК

  • Прочитано: 1511
  • 17.06.2014
Сподели со твоите пријатели!

Останатo од Никола Рилкоски, претседател на ДИК



Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемнa и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН) и Евростат. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата. 



Македонија е единствена држава во Европа која нема спроведено попис веќе 13 години. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.


За тоа говори и претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски.

 

Зошто пропадна пописот во 2011 година?

 

- По мое лично убедување, сметам дека пописот пропадна поради политички причини. На некого не му одговараше. Оние кои требаше да го спроведат, за жал, одлучија пописот да почне и експресно да заврши.



Што губи државата од тоа што нема попис?

 

- Пописот нуди можност да се види колкаво население живее тука, а колку е иселено. Исто така, нуди можност да се види застапеноста на другите националности, па и родовата и имотната состојба на граѓаните. Иако сите овие параметри се променети од последниот попис, ние сè уште немаме можност тоа и официјално да го потврдиме.

 

Како немањето попис влијае врз работата на Државната изборна комисија?

 

- Кога би имало попис би имале подобра и посериозна слика на луѓето кои имаат право да гласаат. Постои недоверба во избирачкиот список. Ние не можеме да ја вратиме довербата во избирачкиот список доколку нема попис.



Дали сметате дека постојат алтернативни начини за собирање на важните податоци кои можат да го надополнат недостатокот на пописот?


- Можеби и можат да го надополнат пописот, но тоа не е тоа. Пописот е она вистинското бидејќи и институциите кои вршат некое свое согледување на бројките, се случува често да излегуваат со различни податоци. Така што веродостојноста на податоците не е ни одблиску точна како онаа на пописот.


Ова интервју е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, кој има за цел да ја поттикне јавната дебата и да го засили јавниот притисок врз власта, за нужноста од спроведување попис на населението во Република Македонија. Проектот го реализираат НВО Инфоцентар, Македонски центар за европско образование, 8-ми Септември и Центар за развој на медиуми. 

Дополнителни информации за значењето на пописот, за тоа зошто пропадна пописот во 2011 година, како и за активностите реализирани во кампањата, може да најдете на интернет-страницата: www.popis.mk









Објавено: 17.06.2014 17:56

Ljupco:

Opozicijata mora da gi uslovi idnite izbori so predhoden POPIS. Se drugo e samo teska kamuflaza i izboren falsifikat ,sto i redovno se slucuva poslednite godini.

Објавено: 17.06.2014 16:31

dimo:

vmro i dui ne i odgovara popisot bidejki ke doziveeat golem udar ednite ke se otkrije deka naselenieto masovno ja napusta drzavata a na drugite ke i propadne laznata slika deka vo makedonija ima 25% albanci(realna slka max do 18%) no ne mi e jasno zosto od sdsm i od drugite makedonski opoziciski partii mudro si molcat i nemat nikakvi baranje i pritisok kon vlasta za ovaaaa i toa kako znacajno prasanje.

Објавено: 17.06.2014 14:05

makedonka:

Bez popis nikogash narodot povejke netreba da izlezeme I da glasame,ama kako da go napravi Gujo ne ke moze potoa da vadi falsh spisoci za izborite I mrtovci da stave I od Pustec da vlechka da pravi eden kup skolobodii.

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3455

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>