Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Stevo Pendarovski.jpg

Гласајте без страв за да ја прекинеме оваа агонија

  • Стево Пендаровски

  • Прочитано: 1821
  • 24.04.2014
Сподели со твоите пријатели!


Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, влегува во вториот круг од претседателските избори со тешка задача – да ја надомести предноста од 120.000 гласови што ја има неговиот противкандидат Ѓорге Иванов. И покрај разликата, 310-те илјади гласови освоени во првиот изборен круг, може да се оценат како успех на Пендаровски, но и на опозицијата воопшто. Особено ако се имаат предвид нерамноправните појдовни позиции на двајцата кандидати, кои сега влегуваат во вториот круг. Со Пендаровски разговараме за искуствата и за сознанијата што ги донесе досегашниот тек на изборите, како и за очекувањата од вториот круг и периодот што следува.



Изјавивте завчера во Куманово дека на првиот круг на изборите власта ви украла од 80 до 100 гласови, кои требало да бидат на ваше конто. Од каде таа процена?

 

- Јас реков дека станува збор за процена што во мојот тим ја направија два дена по првиот круг од изборите, а поради државно спонзорираниот систем на купување гласови, уцени и закани, да се гласа за кандидатот на власта. Дури и извештајот на ОБСЕ од понеделникот децидно кажува дека кандидатите немале еднакви можности за презентирање во предизборниот период. Инаку, не исклучувам дека бројот на така добиени гласови е дури и поголем, за што сепак ќе бидат потребни дополнителни анализи. 

 

Кандидатот што сака да биде претседател на сите граѓани на Република Македонија, треба да ја добие поддршката и од Албанците. Зошто таа поддршка ви беше ускратена во првиот изборен круг и дали очекувате да ја добиете в недела?

 

- Не сакам да шпекулирам дали бојкотот на Албанците беше стимулиран од политичките фактори или не. Инаку, јас немам никаков договор со политичките претставници на Албанците, немав ниту пред првиот круг, немам ни сега, пред вториот. Само едно знам, дека со евентуален бојкот во вториот круг, гласачите Албанци објективно ќе му дадат уште еден мандат на Иванов. 

 


Првиот дел од кампањата го водевте во исклучително позитивен тон. На дуелот со вашиот противкандидат Ѓорге Иванов не го користевте правото на реплика и само ги соопштувавте вашите ставови. Дали сѐ уште сметате дека таа тактика беше оправдана и ефикасна?

 

- Да, затоа што во кампањата влегуваме, пред сѐ, за да ги објасниме сопствените ставови, а не првенствено да го понижиме политичкиот опонент. Конечно, убеден сум дека функцијата претседател на Република Македонија заслужува повисоко ниво на политичка култура и достоинство од она што вообичаено го гледаме на јавната сцена во последните години.

 


Се чини дека една од пресудните теми во кампањата беше спорот за името. Во што се разликува вашиот став дека на Македонија ѝ е неопходен широк државен консензус за нејзината позиција во спорот, од тезата за „разумниот компромис“ на вашиот противкандидат Ѓорѓе Иванов?

 

- За содржината на познатата фраза „разумен компромис“, ќе го прашате мојот противкандидат, затоа што мене и ден-денес не ми е јасна. Тврдам дека без државен став, Република Македонија има полоша стартна позиција од Грција во преговорите, затоа што нашата таканаречена црвена линија нема широка поддршка меѓу нашите граѓани. 

 


Што ако, и покрај сите настојувања избирачите да гласаат за промени, изборниот фалсификат, започнат долго време пред изборите, резултира со голема победа на вашиот противник? Дали в недела ќе му честитате на победата?

 

- Во неколку наврати изјавив дека очекуваме вториот круг да биде сосем различен од првиот и дека очекуваме граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја, за оној кандидат за кого сакаат. Да повторам, изборната атмосфера пред првиот круг не наликуваше дека Република Македонија се наоѓа во Европа, затоа што државата беше стопена со партијата, а владејачката партија имаше потполна контрола врз добар дел од електоратот. Да одговорам конкретно на вашето прашање, на крајот на денот на 27-ми сѐ ќе биде беспредметно ако вториот изборен ден биде сличен на првиот.

 

Сосема за крај, каква е вашата порака до избирачите пред гласањето в недела, на 27 април?

 

- Ги повикувам граѓаните да гласаат слободно, по сопствена волја и убедување, за да видиме што навистина мисли народот за досегашната власт. Во спротивно, само ќе ја продолжиме досегашната агонија и надолните трендови во сите важни сектори што ја позиционираат Македонија на дното на Европа.

 

(Објавено во „Слободен печат“) 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>