Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/ljubco-georgievski.jpg

Кљусев беше послушник на Глигоров

  • Љубчо Георгиевски

  • Прочитано: 8432
  • 12.09.2011
Сподели со твоите пријатели!

На 8 септември не присуствувавте на роденденската прослава на македонската независност и самостојност. Зошто?

- Јас прославата за одбележување на 20 години од независноста и самостојноста ја делам на два дела. Првиот се седниците на Собранието и средбата на поранешните премиери и тој дел го испочитував. Што се однесува до прославата на плоштадот, која беше промоција на проектот „Скопје 2014“ преку двата главни симбола - Триумфалната капија и споменикот на Александар Македонски, ни на сон не ми падна да се појавам. Сметам дека тоа е негација на Македонија, една антиисторија која актуелната влада сака насилно да ни ја продаде. Во последно време, покрај останатите проекти, факт е дека Владата се занимава со насилно прекројување на македонската историја. Гледам дека има 3 цели во таа насока. Првата е општата македонска историја, односно нејзиното фалсификување. Вториот правец е фалсификувањето на историјата на ВМРО-ДПМНЕ. А најново, сведок сум на фалсификување на историјата на создавање на независноста и самостојноста на македонската држава од пред 20 години. Според мене, овие амбиции толку насилно да се фалсификува македонската историја ги надминуваат и комунистите од 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Јасно е дека кога обвинувате за фалсификување на партиската историја на ВМРО-ДПМНЕ поаѓате од емотивни мотиви, но дали лично сте погоден и од монтирањето на новомакедонската историја, односно историјата од периодот на осамостојувањето на Македонија? Сведоци сме на една пропаганда во режија на полугите на власта за катапултирање на првиот премиер Никола Кљусев како најзаслужен лик за македонската независност, што предизвика контрареакција од опозицијата дека тој примат го има првиот претседател Киро Глиговор. Имам ли право?

- Апсолутно се сложувам со оценката дека има насилно менување на нешто што се случуваше пред 20 години, но на сите нас добро ни е познато што тогаш се случуваше и како се случуваше. Без сомнение, независноста на една држава може да биде со улога и учество на многу луѓе, така што и Киро Глигоров и Никола Кљусев имаат свое место во целиот процес на возобновување на Македонија. Меѓутоа, пропагандата Кљусев да се наметне како главен носител на тој процес е неточна. Како член на ВМРО-ДПМНЕ, пак, е уште помалку точно. Целото значење што му се дава на Кљусев е преценото. Зошто?
Процесот на независноста на Македонија, тешко може да го поврземе со средината на март, кога Кљусев дојде за премиер на Македонија, затоа што претходно имаше барем година дена распаѓање на поранешната држава Југославија и разни процеси на осамостојување на Македонија. Во таа година, не се сеќавам на барем една изјава во која Кљусев се изјаснил прецизно за самостојна и независна Македонија. Второ, тој тешко може да се поврзе со тогашното ВМРО-ДПМНЕ, зашто ДПМНЕ не го предложи за кандидат за премиер. Тој беше исклучиво кандидат на Глигоров. После 2-3 години стана критичар на Глигоров, а се зачлени во ВМРО во 1998 година, кога сите знаеја дека оваа партија ќе победи на парламентарните избори истата година. Јас морам да кажам дека Кљусев го набљудувавме како човек на Глигоров. Впрочем, тој не се однесуваше никако поинаку освен како негов послушник во таа фаза, се додека СДСМ со помош токму на Глигоров не го сруши од таа позиција. Мене многу ми е жал што исфрлувањето на Кљусев во овој контекст е бришење на улогата на Љубчо Георгиевски од рамките на идејата за независна и самостојна Македонија.


Можеби е неблагодарно да зборувате за себе си, но како ја оценувате Вашата улога во тој процес?

- Нескромно е да се оценува сопствената улога во еден историски период. Јас само ќе ги упатам читателите да ги погледнат сите весници и телевизиски прилози од тоа време кога се рушеше Југославија и кога се создаваше независна Македонија и многу јасно ќе видат кој ја воскреснал таа идеја. Ова прашање и никој не го поставува освен сега ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, жалам што последната година од таа фаза на распаѓање на Југославија и создавање на Македонија бев единствениот кој зборуваше дека земјава треба да биде самостојна. Уште повеќе жалам што партијата што сум ја создал сака тоа место да ми го одземе.

СДСМ НЕ СПРЕЧИ ДА ГО РЕШИМЕ ИМЕТО, А ЗА ВРЕМЕ НА КОНФЛИКТОТ НЕ СЕ НИ РАЗГОВАРАШЕ ЗА ТОА!

Десетина години подоцна, земјата се соочи со вооружен конфликт поттикнат од страна на Албанците, кои всушност не учествуваа во референдумското изјаснување за независна и самостојна Македонија. Каде ја лоцирате вашата одговорност за овој бунт, кој стана реалност во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ кога вие бевте на чело на државата?

- Јас можам да потсетам дека имаше долги обиди да се разговара, за да се дојде до состојба кризата да не ескалира, но јасно е дека тие разговори не успеаја. Така што најверојатно ако била некоја друга влада или министри можеби ќе го избегнеле тоа, но и понатаму тврдам дека тука имаше организирана и долго време планирана војна против Република Македонија. Дали ние сме виновни, тоа е друго прашање, но сметам дека некој планираше да ја нападне Македонија. Дали можеше тоа да се превенира, исто така, тешко можеме да одговориме.

По осамостојувањето, следен најголем предизвик на земјава е интеграција во НАТО и во Европската унија (ЕУ). Пречката е добро позната - спорот за уставното име на Македонија со Грција. Според една неодамнешна изјава на посредникот во овој спор, Метју Нимиц, Вие и грчкиот премиер Костас Симитис сте биле најблиску со решение во 2001 година. Кој е вашиот коментар?

- После тоа излезе демант дека Нимиц таква изјава не дал, односно дека „Катимерини“ погрешно ја пренел изјавата. Како и да е, доколку таа изјава била дадена баш така, јас ја гледам како комплимент. Македонија тогаш не беше под некој сериозен притисок да го реши името, ниту пак бевме во драматична ситуација да влеземе во НАТО и во ЕУ. Без разлика на тоа, јас како одговорен политичар правев максимални напори да ја придвижам ситуацијата со Грција, со која во нашите 4 години (1998-2002) имавме најтопли и најблиски односи. И веројатно најконструктивно се разговарало за надминување на тој проблем. Постојано велам: „Ако СДСМ беше малку попаметен, поточно кога се појави првата таква вест да не реагираа толку жестоко и бурно и да ме оставеа да го решам тој проблем, ќе го решев“. Па отпосле нека ме напаѓаа, а земјата ќе имаше еден проблем помалку на вратот. Значи, тогаш тие настапија со една силна критика, јас немав сериозен притисок да го решам проблемот, и така остана наредните 10 години.

Да разјасниме, дали тогаш нерешавањето на овој проблем создавало силни реперкусии врз македонските државни и национални интереси, како што се случајот сега, или не?

- Македонија тогаш и без да го решаваше проблемот, можеше да си влезе во НАТО и во ЕУ. Само на тие добрососедски односи кои ние ги поставивме, земјата можеше да напредува во евроинтеграцискиот процес. Сигурно дека кога почна конфликтот никој не ни зборуваше за тоа, зашто премногу товар ќе се носеше на еден грб. Она што можам јас да го кажам е дека за 4 години како премиер сум имал многу притисоци од страна за разни работи, но за името никаков. Сепак, и покрај тоа, јас сакав да го затворам тоа прашање и да ја ослободам Македонија од едно бреме. Сепак, историјата на еден проблем е само историја, а сега имаме актуелна ситуација. Имаме проблем кој мораме да го решиме ако сакаме да одиме напред. Мене многу ми е жал што ние како нација, како колективно да влегуваме во самоизбрана хипноза, како оваа со Александар Македонски. Отвараме нови проблеми, бегајќи од еден проблем кој е толку очигледен и треба многу јасно да се реши.

Што конкретно мислите за предлозите Горна и Северна Република Македонија? Кој е вашиот совет за надминување на овој проблем?

-
Овие географски одредници, кои се синоними, не навлегуваат во суштината на македонската држава. Впрочем, бидејќи сега актуелна е антиката, да потсетиме дека Античка Македонија била поделена на Горна и Долна Македонија, така што, со оглед на тоа што денес сме македоноцентрично ориентирани, во контекст на секојдневните смешни дискусии, прашувам од која Македонија потекнувале славните Антички Македонци?
 

ОПОЗИЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПОСТИЗБОРЕН МОЛК

Во однос на внатрешнополитичката состојба, опозицијата, од која е дел и вашата ВМРО-НП, стана многу пасивна и анемична по јунските парламентарни избори. На што се должи тоа?


- Па видете, 20 години сум поминал во избори и сум доживеал многу порази. Мислам дека поразените имаат право по секој неуспех малку да одморат, а победниците малку да се истегнат.

Меѓутоа, општ впечаток е дека Владата на чело со победничката ВМРО-ДПМНЕ не одмара. Ден-два по изборниот ден на 5 јуни беше фрлена првата лопата...

- Тие имаат такво темпо на работа и тој нивен стил дава резултат, но пак ќе речам дека поразените имаат право на молк. Првите 100 дена од формирањето на Владата ќе потраат малку подолго, зашто треба да ги видиме намерите на старо-новата Влада. Во секој случај, процесите во првите мигови по победата не се добри и не се многу пријатни за Македонија.

Еден од тие непријатни процеси е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Што мислите за идејата на обединета десница, во која покрај вашите НП треба да влезе токму ОМ, како и уште неколку „помали“ десни партии?

- Можам да кажам дека овој муабет повеќе е изразен во медиумите, отколку што нешто суштински се случува во пракса. Секако, не ја отфрлуваме оваа идеја. Најверојатно нешто може да се случи во текот на наредните месеци, но треба сите повикани лидери на политички партии да се надминат себе си и да да го направат единството. Иако нема ништо конкретно, не можам да негирам дека нема ништо позитивно да се случи во скоро време. Ни треба и малку време да дојдеме до такво решение.

Влатко СТОЈАНОВСКИ 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>