Последна промена пред 10 години | Петок 03 Мај 2024 | 0 0

Откријте што значи бенката што ја имате на вашето лице или тело

  • Објавено: 15.10.2014 10:46
  • Прочитано: 1711
  • Печати

Позицијата на бенката на телото зборува за карактерот на човекот, состојбата на умот, здравјето и иднината. Кинезите го користат тоа знаење во медицината и веруваат дека „чи“ или енергијата во телото е поактивна во различни периоди. Кулминацијата на таа енергија се манифестира како здрава бенка.

 

Кинезите веруваат дека позицијата на бенката на телото може томови да каже за човекот, затоа прочитајте дали ќе се пронајдете во некој дел од текстот.

 

Чело

 

Бенката на средината на челото открива некого кој има проблеми со авторитетот и не се снаоѓа добро со надредените или со родителите. Бенката на страна карактеризира фокусираност и енергичност. 

 

Веѓи

 

Ако бенката е под веѓите, тоа симболизира богатство или изобилство. Бенката која се сокрива е знак на уште поголемо богатство. Кога е над веѓата значи дека во животот ве очекува постојано снабдување со пари. Очни капаци

Бенката на очните капаци симболизира дисхармонија со семејството и постојано губење пари. Ако е под окото, тогаш упатува на преемоционална личност. 

 

Образи


Бенката на образите е обележје на осамени луѓе и оние кои не можат да се смират за да основаат семејство. Ако бенката се наоѓа близу до носот, како кај Мерилин Монро, тоа може да упатува на несреќа.

 

Уши

 


Во кинеската астрологија, ушите го означуваат карактерот, па затоа бенка на ушите се поврзува со добра личност со добра репутација. Внатре во увото значи долг живот, на врвот симболизира интелигенција, а кога има бенки на двете уши, тоа е знак на влијание.

 

Нос

 

Бенката на врвот на носот укажува на љубовни проблеми и нестабилност, додека онаа на мостот на носот симболизира неволји. Оваа бенка исто така се поврзува со воркохолиците. Бенката на страна се поврзува со луѓе кои се добри со пари.

 

Брада

 

Кога бенката е на брадата, тоа симболизира тврдоглавост и упорност, но се поврзува и со желбата за промена или патување.

 

Усни

 

Ако бенката е над горната усна, оваа позиција се поврзува со привилегиран живот. Бенката под долната усна е знак дека вашите деца ќе бидат успешни во животот.

 

Врат

 

Вратот во кинеската астрологија се поврзува со духовниот и телесниот живот. Бенката на тоа место го прекинува дотокот на енергијата и може да означува разочарување. Ако е на средината на вратот, тогаш се поврзува со див карактер и личност која може да ги повреди блиските луѓе.

 

Раце

 

Бенката на подлаткицата укажува на сочувствителни луѓе, а на надлактицата – добра снаодливост со пари.

 

Гради

 

Симбол на моќ, висока позиција во општеството или во професијата. Ако се наоѓа на брадавиците, тоа значи дека децата ќе ви бидат успешни во животот.

 

Стомак

 

Колку е поблизу до папокот, толку повеќе среќа во животот ќе имате.

 

Дланки

 

Овие бенки укажуваат на вешти луѓе кои можат добро да заработуваат.

 

Грб

 

Луѓето кои имаат бенка на грбот најчесто носат тежок товар во животот. Тие напорно работат, затоа успехот им е извесен, но им треба повеќе време за да го постигнат.

 

Нозе

 

Бенка на бутовите е знак кој ги открива луѓето кои се одлични во кревет и сакаат да експериментираат. На листовите е знак на спортски проблеми, а на колената на пари.

 

Стапала

 

Бенката на стапалата се поврзува со добар водач и добри дела.

 

Задник

 

Бенката на овој дел од телото се поврзува со обилна храна и здравје. Таа симболизира добра репутација и великодушна желба за помош на другите.

 

Подготви: K. A.

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>