Последна промена пред 10 години | Сабота 18 Мај 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/Gero profil picture.jpg

Наградата „Менде Петковски“ ќе ја обновиме, како што доликува!

  • Бранко Героски

  • Прочитано: 10010
  • 11.02.2012
Сподели со твоите пријатели!

МЕНДЕ ПЕТКОВСКИ ВО ЛЕГЕНДИТЕ

Во својот дом во Битола, пишувајќи ги последните вести и приказни за својот омилен град, почина нашиот пријател Менде Петковски. Во моментите кога неговиот нескротлив, експлозивен дух вчера рано в зори ги кинел прангите на неговото големо срце, Менде станал машки, со поглед да се прости со Пелистер, простувајќи се така со сите нас.

Така умира јунак.

Кога пред осум години стана дописник на „Дневник“, неговите колеги од другите македонски градови живуркаа анемично, под притисок на локалните моќници и на неамбиционзите редакции. И тогаш, во својот шампионски клуб, како што Менде умееше да го нарече „Дневник“, тој заигра смело и упорно. Неговите прекрасни и атрактивни приказни, плод на непресушна креација и имагинација и на еден несекојдневен, сочен и „очовечен“ јазик, никого не оставаа рамнодушен. Низ перото на Менде Петковски Битола стана посебна, атрактивна, напати и митска кота на нашата мапа. Македонија го доби својот дописнички шампион над шампионите, чиј пример денес го следат многу негови колеги.

Така твори само несекојдневен журналистички талент.

Ние што го познававме знаеме колку напорно работеше тој човек. Секое утро во шест Менде беше на нога, на Широк сокак, будно посматрајќи како се продава неговиот весник, ослушнувајќи ги коментарите на неговите приказни, дознавајќи ги првите вести, опипувајќи го билото на битолската чаршија. Потоа се нурнуваше во своите приказни, истражувајќи ги и најситните детали. А кога ќе ни се јавеше со својот весел глас, ние знаевме дека има хит, дека гони приказна во која ќе се вложи безостатно, за која е спремен да „гине“ и да ги истрпи сите притисоци и непријатности што неизбежно ги носи овој занает. Менде твореше секој ден до доцна во ноќта, проповеднички посветен не само на читателите на „Дневник“, туку и на слушателите на Радио Битола и на гледачите на телевизија “Сител“, како и на многубројната публика во дијаспората на која тој им ги пренесуваше вестите од татковината. Неговото големо срце ја плати цената на тој напор.

Така живее само голем новинар.

А Менде никогаш не се пожали на ништо. Беше вистински ас во својот занает, но и во пријателството. Секое мое патување во Битола беше поврзано со една топла средба со него и со неговата сопруга Светлана, во нивниот дом, кој всушност беше еден топол новинарски клуб. Така беше и при нашата последна средба, пред околу три недели. Разговаравме долго. Менде ми подари дел од својот оптимизам, парче од својата енергија и еден топол, татковски здив, кога се прегрнавме на разделба, не насетувајќи дека ќе биде последна.

Не треба да се плашиме од смртта туку од тоа никогаш да не почнеме да живееме, вели мудрецот. Во овој свет на мали и исплашени луѓе, кои никогаш и не почнале да живеат, Менде Петковски живееше храбро, пркосно, чесно, човечки. Заради традицијата на македонскиот журнализам, заради човечноста, заради нас самите, ние, неговите колеги и пријатели, кои никогаш на збравме доволно сила и доблест да му возвратиме во мерка во која тој нѐ задолжи, имаме обврска макар да ја раскажеме легендата за Менде Петковски, за човекот чија вистинска димензија веројатно само Пелистер може да ја измери.

Прости ни, Менде пријателе, и живеј вечно во нашите сеќавања.

Бранко Героски

(6 септември 2005 година)

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3365

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>