Последна промена пред 10 години | Петок 03 Мај 2024 | 0 0

ВИДЕО Узунов: Нашата економија не може да издржи Буџет од три милијарди евра

  • Објавено: 15.10.2014 15:11
  • Прочитано: 1019
  • Печати

Буџетот за 2015 година што го предлага Владата нема да направи ниту мал чекор во насока на стопирање на растечката сиромаштија во земјава. Она што сигурно ќе расте и догодина е само задолженоста. Целата проекција на Буџетот е направена врз неиздржани претпоставки и предвидувања, со големи нелогичности. Македонската економија не може да издржи Буџет од три милијарди евра. Тоа го докажуваат претходните години. Оваа власт нема капацитет за реални и издржани капитални проекти што ќе ја придвижат економијата, за да има поместување и во стандардот на граѓаните, вели потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.
 
Тој нагласува дека соочена со лоши економски показатели, Владата повторно се враќа на практиката за предвидување релативно висока стапка на раст на БДП , што потоа не може да ја оствари. Така, за в година е предвиден пораст на БДП од 4 проценти, при инфлација од 2 проценти, што во суштина значи номинален раст од 6 проценти.

- Кога тоа нема да се оствари, што е за очекување? Кој ќе биде виновникот? Власта? Или ЕУ? Во Буџетот на Владата нема разумно образложение за предвидувањето врз која основа буџетските приходи ќе пораснат за 5 проценти во 2015 година. А ако тоа не се случи, од каде владата ќе земе повеќе пари од оваа година? Како генератор на предвидениот раст за 2015 година Владата ги смета бруто инвестициите, за коишто очекува да растат со стапка од 8 отсто, што го оправдува со капитални и приватните странски инвестиции. Но, како власта го предвидува тоа со зголемување на капиталните расходи за следната година за само 0,6 проценти? Со ребалансот оваа година Владата покажа дека ниту планираните приходи за тековната година не може да ги обезбеди вели универзитетскиот професор.

Узунов денеска јавно праша со кое издржано образложение власта за догодина предвидува пораст на јавните инвестиции, кога за оваа година, до крајот на месец август, се извршени само 49 проценти од планираните?

- Нелогично е и очекувањето за пораст на индустриското производство за 4,4 проценти, во услови кога нема пораст на странската побарувачка и нема пораст на домашната побарувачка поради нискиот стандард на граѓаните. Која од овие две проекции е погрешна? Или и двете? Градежништвото догодина, според Владата, треба да има најголем раст од 7,5 проценти, во услови кога нема договори за извоз на градежни услуги во странство и опаѓа платежната моќ на граѓаните. Конечно, владата за догодина предвидува пораст на БДП (за 4 проценти), во апсолутен износ помал буџетски дефицит, но исто учество (од 3,5 проценти) на дефицитот во БДП како за оваа година? Дали е тоа само ненамерна грешка, или тука се крие нешто друго? Владата треба да одговори на поставените прашања. СДСМ предупреди што носат огромните задолжувања на граѓаните. Огромни камати, заспано стопанство и сиромаштија. За жал, власта веќе нема механизам ниту да го скрие, ниту да го смени. Погрешните политики почнаа да го земаат данокот, на грбот на граѓаните - оценува потпретседателот на СДСМ.


Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>