Последна промена пред 10 години | Петок 03 Мај 2024 | 0 0

Општина Крива Паланка: Приватниот партнер не си ги дозаврши обврските, проектот ќе се реализира

  • Објавено: 15.10.2014 18:52
  • Прочитано: 712
  • Печати

После обвинувањата од Општинската организација (ОО) на СДСМ од Крива Паланка дека локалната самоуправа и власта на Груевски избркале приватен инвеститор, Општина Крива Паланка се огласи со демант на тврдењата, велејќи дека проектот не е до крај реализиран оти инвеститорот мора да доврши некои обврски, и оти потоа проектот ќе се реализира според планот.

 

„Општина Крива Паланка во својство на јавен партнер во досегашниот период во целост го има испочитувано договорот за ЈПП и нема извршено било какви активности со кои би го кочела приватниот партнер при остварувањето на правата и обврските кои ги имаат двете договорни страни.

 

Согласно на чл.21 од Договорот за ЈПП е предвидено - административно деловниот објект ќе се стави во употреба по издавањето на одобрението за употреба, кое заедно со проектот за изведена состојба ќе претставува основ за запишувањето на објектот во јавните книги (катастар). Согласно на Член 87 од Законот за градење е предвидено (1) Градбата ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија, а градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 ќе се стават во употреба по давање на изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.

 

Во врска со цитираните членови за да надзорниот инженер го даде завршниот извештај потребно е да се извршат сите обврски предвидени со договорот во целост, како и да бидат отстранети сите недостатоци констатирани од страна на надзорниот инженер во текот на градбата. До денешен ден ниту до општината ниту пак до приватниот партнер не е доставен завршен извештај бидејќи приватниот партнер во целост ги нема извршено своите обврски. Самиот завршен извештај е еден од документите потребни за запишување на објектот во катастарот, а со тоа и издавање на имотен лист“, се вели во соопштението од Општина Крива Паланка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>