Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/zoranzaev.jpg

Политички карневал на Груевски

  • Зоран Заев

  • Прочитано: 8610
  • 28.09.2013
Сподели со твоите пријатели!

Деновиве имав исклучително добра причина да се чувствувам гордо и радосно. Магазинот „Arabian travel news”, кој на своите страници објавува информации и прилози од културата, патеписи, туристички репортажи, фотографии и други содржини од целата земјина топка, во својот последен број презентира своја листа на најдобри карневали во светот.

 

Во „20 Оf The Best Street Carnivals”, кој низ збор и слика ги претставува најдобрите карневалски дестинации низ сите светски меридијани, се најде и Струмица со својот традиционален карневал. Во друштво на познатите карневали во Рио де Жaнеиро, Лондон, Венеција, Париз, Токио, Њу Орлеанс, Торонто, Берлин, Ница и др., Струмичкиот карневал е позиционiран на високото дванаесетто место. Ова е само потврда дека не биле куртоазија зборовите на претседателот на FECC (Асоцијација на европските карневалски градови) Фердинанд Ван Дер Крон. Имено, при секое негово доаѓање на карневалските свечености во Струмица, тој не пропушта да каже дека Струмичкиот карневал е меѓу најдобрите во Еврoпа.

 

Во споредба со вистинските вреднувачи, Министерството за култура при Владата на Груевски на безобразен начин го маргинализира Струмичкиот карневал. Доказ за тоа се средствата кои Министерството, согласно својата програма, му ги доделува на карневалот во Струмица. Тие минатата година изнесуваа бедни, смешни и понижувачки сто илјади денари (нешто повеќе ид илјада и петстотини евра), а годинава една голема нула (ништо, ич, компир...). Браво. Во споредба со нулата за струмичкиот, карневалот во Вевчани доби шест нули но и една единица пред нив, што значи еден милион денари. Наградното прашање за читателите на колумнава би било: Зошто Струмица во овој и во многу други случаи е предмет на игнорантски однос од страна на власта?  Одговорот го знаат и малите деца. Одговорот е – Заев.

 

Есен е. Не е време за карневали, барем не за оние кои влечат корени од дамнешни времиња. Па сепак, актуелниот миг во нашава земја, по многу нешта, се повеќе наликува на карневал. Покрај симболиката и есенцијалното значење на карневалите, тие пред се имаат за цел да го забавуваат и развеселат народот. За жал, политичкиот карневал што ни го приредува владеачката гарнитура на чело со Груевски, не е ни најмалку весел и забавен. Напротив, таквиот карневал ги обеспокојува граѓаните и сериозно и наштетува на државата. Се разбира, главни протагонисти во тој политички карневал се членовите на фамилијата, нивните партиски климачи со глава и „независните медиуми“.

 

Во услови кога е закатанчена телевизијата која ги регистрираше отворените амбуланти кои не проработуваат, пуштените во употреба водоводи од кои не протекува вода, удрените каментемелници на „градби“ кои никогаш не започнаа да се градат и редица други карневалски финти, а другите медиуми се ставени на топло во пазувите на власта, лесно му е на Груевски да го прави своето карневалско шоу. Но, таквото шоу, колку е смешно, толку е и жално. За да биде се во духот на карневал, власта дури користи и карневалски мотиви во своите напади кон опозицијата.  Во дневните весници се појави новиот генијален пронајдок на ВМРО ДПМНЕ под наслов „Едно лице – безброј маски“. Колку чини една цела страница во колор, помножено со бројот на дневните весници и помножено со деновите на објавување, и чии пари троши партијата на власт, може само да се претпостави. Но, тоа и не е толку важно за Груевски.

 

Важно е уште еднаш да покаже на дело колку се плаши од Бранко Црвенковски (сите бајачки на светот да ги собере нема да му помогнат) но и да ги прикаже претседателот и заменик претседателот  на СДСМ (во улога на карневалски маски) како споредни политички играчи. Користејќи карневалски мотиви, премиерот самиот од себе прави карневал. И одеднаш - оп, ново продолжение на карневалот. По умот на своите постари сопартијци, младите  дпмнеовчиња си направија карневалска пародија на истата тема и сите до еден живи останаа.

 

И пак Заев и Шекеринска - карнервалски маски. Да не бев таков каков што сум скроен, можеа и комплекс да ми набијат. Многу брзо сфатив дека Црвенковски не е единственото „сениште“ од кое се плаши Груевски. Како поинаку да ги протолкувам серијата смешни напади и обвинувања врз мене ако не како класичен страв? Како да ја разберам одлуката на премиерот за промена на курсот во предизборните кампањи на ВМРО ДПМНЕ, Скопје како град во кој редовно се оддржуваа завршните митинзи на оваа партија, дури во два наврата, да го промени во Струмица? Како да најдам логика во фактот дека сите касарни во Македонија им се предадени на општините во кои се наоѓаат, освен онаа во Струмица? Се разбира и во овој случај одговорот го знаат сите дека станува збор за страв, Заев да не продуцира уште поголем економски развој во Струмица, што би бил уште еден од серијата шамари за централната власт.

 

Уште еден доказ за таквиот страв е и случајот со обелоденувањето на холандската инвестиција во Струмица од моја страна. Се изнаредија во серија (турските серии можат вода да им носат) и премиерот Груевски и министерот Самак и aмбасадорот Димитров и заменик министерот Делев, па се до портаролот Бичиклиски, да докажуваат нешто што не можат да го докажат, а за кое времето ќе го даде одговорот.

Но, тоа не е се. Премиерот со својата карневалска придружба побрза да предаде во употреба локален пат (Струмица – Попчево) за кој Владата нема потрошено ниту денар. Станува збор за проект изработен од службите на општина Струмица со сета неопходна проектна документација, проект усвоен од Советот на општина Струмица за кој општината ги плати сите трошоци за  експропријација на земјиште и надзор. Да го прикажеш туѓото за свое е безобразлук од невидени размери, недолична артикулација на „Власт сум, ми се сака - ми се може“. Најновиот карневалски обид  да се дискредитира името на претседателот на СДСМ кој е и градоначалник на општина Струмица, се обвинувањата за наводен непотизам и злоупотреба на службената должност, а во врска со тендерите во општината.

 

Иако е се чисто како солза, повторно истиот фолклор од власта и уште една серија на говорници кои од петни жили се трудат да му перат мозок на народот. Секој ден иста песна, само изведувачите се различни, од премиер, преку министри и портпароли па се до градоначалници, и сите до еден со нови функции - оцрнувачи на името на Зоран Заев. Но, колку и да се трудат да ја „карневализираат“ вистината, останува премолчениот факт дека од околу 400 фирми кои во законска процедура добиле тендери од општина Струмица дури 170 се блиски до ВМРО ДПМНЕ, па дури и такви фирми зад кои како сопственици и менаџери стојат луѓе со функции од оваа партија.

 

Замислете, за непотизам обвинуваат оние кои се „доктори на науки“  за оваа „област“. Замислете, една од споменатите установи која вршела јавни набавки „Детска  радост“ е истата таа установа која по пат на јавна набавка користи масло за јадење од фирма во сопственост на актуелниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев. За среќа истиот тој Пишев преку неговата фирма ги урна обвинувањата кон Заев со одговорот дека понудата на неговиот „Ал Макс“ била најповолна.

 

Замислете, апсолутен рекордер во добивањето тендери од Општина Струмица е градежната фирма „Жикол“ во сопственост на актуелен член на Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО ДПМНЕ.  Како главен изведувач на работите на „Глобал“, новиот плоштад, гасификацијата, повеќе водоводи, канализации, улици и тротоари, оваа градежна компанија инкасирала во својата од општинската каса преку осум милиони евра.

 

Долга е листата на фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ кои добиле тендери од Општина Струмица.  Баш би сакал да добијам од власта сличен пример, да ми споменат барем една фирма блиска до СДСМ која во изминатите седум и кусур години добила тендер од Владата. Нема таква.

 

Токму затоа отворено и јавно му ја фрлив ракавицата на Премиерот Груевски – „Бујрум“ на ТВ дуел, да види јавноста кој лаже а кој не, да види кој е криминалец а кој не... моето лице наспроти неговата маска, мојот наспроти неговиот збор, моите факти наспроти неговите, моите документи наспроти неговите, мојата гасификација и другите бројни проекти наспроти неговите споменици. Време е јавноста во Македонија да ја дознае вистината. Време е истата таа јавност да побара од Груевски да излезе на такво соочување, наместо да се крие зад лицето на „светец“ креирано од медиумите и зад нарачаните фингирани анкети.

 

Круна на карневалскиот амбиент во државата е трката на медиумите, кој повеќе ќе ја испофали  позицијата и кој повеќе ќе ја нападне опозицијата. Кој во договор  со Центарот за комуникации ќе му постави повеќе прашања на pремиерот на разни теми, за да го има барем 4-5 пати во вестите и кој поударно ќе удри по Заев... кој ќе направи прилог за некое социјално загрозено семејство за да може кутриот Министер Диме Спасов со камери и подароци да го посети и на тој начин да ги покрие владините рестриктивни мерки во делот на социјалната заштита... кој ќе направи подобра снимка и поубава фотографија од брачниот пар Груевски...кој „случајно“ ќе влезе во собата на премиерот за да регистрира како тој работи 24/7 и едвај фрла око кон телевизорот за да види како игра македонската кошаркарска репрезентација... кој од подобар агол ќе го фати моментот кога  (по сценариото) Груевски покажува нешто со прст на одредена локација за снимање.

 

Во таа трка, вистински ТВ специјалитет беше прилогот „Заев го имитира Груевски“ за кој новинарката без конкуренција  заслужува „Пулицерова награда“. Не знае човек дали да плаче, дали да се смее или да ја жали новинарката кај која се паднала паричката за да го одработи овој прилог во вестите. Заев го имитирал Груевски затоа што гледал кошарка. Но, не кажаа дека за разлика од pремиерот кој многу работи и гледа кошарка само со едното око, Заев тоа го прави со двете затоа што помалку работи. И навистина, Заев најде време и да скокне до Јесенице за да може во живо да го гледа натпреварот Македонија - Србија.

 

Да беше премиерот на негово место, медиумите сигурно ќе кажаа дека им донел среќа на нашите репрезентативци. Се прашувам само, како на луѓето од партско – медиумската коалиција не им текна да спинуваат информација од таен и заштитен сведок, дека Заев во Јесенице всушност не навивал за Македонија туку за Србија. Кога е бал, нека е маскенбал.

 

Но, шегата настрана, политичкиот карневал во продукција на Груевски и неговата ВМРО ДПМНЕ треба да ги загрижи сите кои живеат во оваа наша  Македонија. Работите во земјава се толку лоши што полоши не можат да бидат.  Згора на тоа, оној кој ја тера дванаесеттата година во 22-годишното независно постоење на  земјава, нема ни трошка доблест да преземе барем дел од одговорноста за состојбите во државата. Уникатен во целиот свет е заклучокот на овој човек дека за се во земјава виновна е опозицијата. Крив е Бранко, крив е Заев, крива е Шекеринска, крив е Жерновски, криви се сите во СДСМ од првиот до последниот, криви се сите што поинаку мислат, криви се сите што критикуваат, криви се сите од ЕУ и НАТО... сите до еден се виновни, само Груевски – Virgo intactа. Е тоа се вели карневал од невидени размери.

 

Груевски и Заев се разликуваат по многу,многу нешта. Само во неколку работи се исти. И двајцата се политичари, и двацата се економисти, и двајцата се релативно млади, и двајцата се во брак со една жена, и двајцата имаат по две деца, и двајцата му припаѓаат на човечкиот род. Поради сево ова, на политичарот кој и покрај сите валкани методи, успеав три пати убедливо да го победам на избори уште во првиот круг (та нели тој е главниот во партијата која ми беше противник) имам потреба да му дадам еден совет.    Не е доволно да се биде претставник на човечкиот род, треба да се биде човек. Јагнешката кожа не е доволна да го сокрие волчјиот здив. Тоа е класичен карневал. Поради таквиот карневал страдаат луѓе.  Карневалите се интересни кога траат ден, два, три. Кога политичкиот карневал влегува во осмата година, народот го губи трпението и сам ќе ја отргне јагнешката кожа од грбот на оној кој ја носи.

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>