Последна промена пред 10 години | Сабота 21 Септември 2024 | 0 0
http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/zoranzaev.jpg

Весела математика

  • Зоран Заев

  • Прочитано: 4965
  • 21.12.2011
Сподели со твоите пријатели!

Математиката е егзактна наука. Според неа, еден плус еден се два, два и два се четири, а пет и пет се секогаш десет. Така е во цел свет, но не секогаш и  во Македонија, особено кога со математика и бројки се занимава Никола Груевски и неговите министри и сопартиjци. Ако направите мала анализа на таа нивна преродбеничка математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Што и да земете за пример, нема да згрешите оти примери има без број. Па така, кога челниците од ВМРО ДПМНЕ во улога на „перачи на мозоци“ велат дека транзиционите политичари од СДСМ на чело со Бранко Црвенковски, за 15-20 години колку што биле на власт, ништо не направиле за Македонија, со проста математичка операција (собирање) ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Треба да имате завршено само второ одделение (прво полугодие) и трошка бенифит од епохалното мото „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ за да дојдете до констатација дека Груевски ја почна десеттата јубилејна година од своето владеење (четири години како министер и шеста година како премиер). Не ви е потребен ниту калкулатор, ниту хартија и молив, за да пресметате дека времето на владеење на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е безмалку во „Егал“ и многу наскоро портокаловите ќе преминат во водство. Ако пак се земе во предвид  дека актуелната власт „работи - 24/7“  тогаш од поодамна го има временскиот примат во владеење.

Ако сте љубител на спортското или какво било друго обложување и сте близок пријател, соработник, сопартиец или роднина со кумското дуо Груевски - Ставревски, би ве советувал никогаш да не барате мислење од нив околу прогнозирањето оти ќе останете со кратки ракави. Веселата математика околу нивните прогнози вели дека тие секогаш  правеле голема утка, или се што прогнозирале промашиле. Така ќе биде и овој пат, кога Ставревски за идната година проектира 4,5% економски раст, наспроти предвидувањата на ММФ за 2% раст на македонската економија, со реална можност проекцијата да оди и под таа бројка доколку се зголемат ризиците од должничката криза.

Деновиве прочитав коментар на македонски граѓанин кој себе си се нарекува „неутралец “ околу задолженоста на Македонија, притоа ползувајќи ја прес конференцијата на потпреседателот на СДСМ Зоран Јовановски и реакцијата на истиот од страна на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ. Само за потсетување, Јовановски алармираше за се поголемото задолжување на државата кон странство и во земјата, а ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека во 2005 година кога СДСМ била на власт долгот на државата изнесувал 38,4%, додека денес тој изнесува 26,2% од БДП при што долгот бил намален за 12.2% поени, или за цели 30% бил намален државниот долг откако на власт е владата на ВМРО ДПМНЕ. Споменатиот НЕУТРАЛЕЦ направил весела математика при што:

• 4.8 милијарди евра БДП * задолженост од 38.4% =1.84 милијарди евра долг (во времето на СДСМ)

• 7,4 милијарди евра БДП * 26,2% задолженост = 1,94 милијарди евра долг ( во времето на ВМРО ДПМНЕ)

Од ова произлегува дека долгот на државата што ВМРО ДПМНЕ го направи е за цели сто милиони евра поголем од оној во времето на СДСМ. За пет години колку што Груевски е премиер, ја задолжи државата за половина милијарда евра, а тенденцијата на нови задолжувања продолжува и понатаму.

Напролет Владата на Груевски ќе организира уште една акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ при што најверојатно ќе објави дека вкупно во осумте акции ќе бидат посадени 50 милиони дрвца, бидејќи досегашната бројка според Владата изнесува 44 милиони садници. И еве ви нова можност да направите весела математика. Јас само малку ќе ви помогнам. Не мора да направите симулација на садење дрвца туку едноставно обидете се само да изброите од 1 до 44 милиони. За такво броење ќе ви бидат потребни, верувале или не, дури 500 денови , без да јадете, без да пиете, без да спиете и без да правите било што друго. Е сега, заменете го броењето со садење дрвца, па ќе излезе дека 500 денови се потребни за да се посадат 44 милиони садници, под претпоставка дека во секоја секунда, некаде во Македонија да се сади по едно дрвце. Или ајде вака да направиме .... Груевски како премиер е на власт цели пет години или 1.825 денови. Тоа значи дека за да се посадат 44 милиони садници за време од пет години, потребно е да се садат по над 24.000 дрвца секој ден, со се недели и празници.

И конечно, Македонија има површина од 25.700 квадрaтни километри. Обидете се од таа бројка да ја минусирате површината на градовите, селата, езерата, реките, полињата, патиштата, карпестите делови и високите шуми па ќе ја добиете површината од ридовите на кои божем се посадени 44 милиони садници. Се плашам дека по 20-30 години, прашумите во Амазон во споредба со Македонија ќе бидат прогласени за пустина. Ако е така со Денот на дрвото, тогаш може да замислите каква е веселата математика со „Скопје 2014“, со тендерите на власта, со субвенциите, со владините реклами, со проектите од типот „Компјутер за секое дете“ и со редица други партиско - семејни - владини маневри. Ако ви ги набројам сите примери, оваа нема да биде колумна туку фељтон. За жал, со оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ, веселата математика дава невесели резултати. Секаде во светот, математиката е егзактна наука. СДСМ ќе се погрижи да го сопре Груевски и неговите сопартијци да прават своја математика според која 1+1=3, а 2+2=6 на штета на државата и на граѓаните на Македонија.

Зоран Заев

 

 

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (0)коментари

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3402

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>