Последна промена пред 10 години | Сабота 04 Мај 2024 | 0 0

Кои се алтернативите на Фејсбук?

  • Објавено: 07.10.2014 15:30
  • Прочитано: 1146
  • Печати


Фејсбук и неговите инвазивни апликации многу често знаат да бидат кошмар за работењето на компаниите.
Таму, во денешно време, скоро и да не постои вработен во канцеларија кој не ја користи социјалната мрежа, а со експанзијата на смарт-телефоните, вкупниот број на корисници кој споделуваат слики, текстови, документи, песни и разноразни „сподели“ и „лајк“ спамови се мултиплицира во недоглед.

 
Со Фејсбук, приватноста на деловното работење е многу често нарушена, а тој ризик може да донесе загуба на важни информации или деловни тајни чие што јавно објавување нанесува штети кои многу често се ненадоместливи за компаниите и нивното реноме.


Некои од тие документи кои се споделуваат многу често содржат скапи бизнис информации, детали за фирмите и некои лични податоци кои би требало да останат во рамките на интерната мрежа, т.е. Интранетот. 


Постојат многу алтернативни интранет социјални мрежи, кои се исклучиво изработени за деловни корисници, со акцент на сигурноста и вклучени апликативни решениа кои ги штитат компаниите од несакан излив на информации во надворешниот свет на интернетот.


Овие алтернативи обезбедуваат неколку сигурносни решенија како на пример двојниот фактор (two-factor authentication) на проверка пред размена на податоци меѓу корисниците што е многу корисна практика за заштита на документи, како не би паднале во погрешни раце. Овие софтвери се инсталираат само на внатрешната мрежа во компаниите или на заштитена „cloud“ платформа. За уште поголема ефективност се иплементирани и алатки за пребарување на целосните компаниски архиви на податоци и вести. Со тоа се подобрува продуктивноста на вработените и се креираат групи за работа. Овие групи и алатки за пребарување ги користат како извор сервисите Box.net или Outlook кои ги прават сите информации од компанијата достапни од само еден главен портал. Со самото тоа, не е потребна посебна техничка поддршка за користење, како ни специјално веб програмирање, скратувајќи ги во многу нешта трошоците на фирмата.


Едни од најдокажаните интранет алтернативи за Фејсбук досега се „Jive” на Јivesoftware.com, „Yammer” на Yammer.com, „VMware SocialCast“ на Socialcast.com и „Tibbr“ на Tibbr.com.


Подготви: В.С.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо





/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>