Последна промена пред 10 години | Петок 03 Мај 2024 | 0 0

ХТЦ денеска во нов поход со моќна камера, нова серија телефони и нов софтвер за фотографии

  • Објавено: 09.10.2014 16:53
  • Прочитано: 1047
  • Печати

ХТЦ, еден од глобалните лидер во технолошките иновации и дизајн, денеска ќе навести нова ера на иновации и возбудлива нова насока за индустријата, со претставување пакет на иновативни производи за фотографирање. Менувајќи го изгледот на мобилната фотографија, HTC ќе ги лансира извонредната мала камера RE, целосно новата категорија на телефони HTC Desire Eye, унапредениот софтвер за фотографирање HTC EYE Experience и колаборативната видео едитинг заедница Zoe.

 

- HTC уште еднаш го менува начинот на кој луѓето размислуваат за технологијата. Во 1997 година им овозможивме на луѓето да ги остават дома своите лаптопи и да ги користат моќните смартфони со џебна големина. Денес правиме сличен скок нанапред. Правејќи комбинација меѓу извонреден хардвер и ненадминат софтвер, HTC одново го креира начинот на кој размислуваме за фотографирањето. Ве извлекуваме од местото зад визирот и ве носиме онаму каде што припаѓате, во срцето на активноста - вели Питер Чоу, главен извршен директор на корпорацијата ХТЦ.

 

Одново креирајќи го автоматското фотографирање, RE претставува мала рачна камера којашто ви овозможува природно да го снимите и целосно да го искусите моментот, преку видео и фотографија, без ништо да ви го попречи патот. Со извонреден и единствен цилиндричен дизајн, направен така што удобно да лежи в рака, RE има вграден сензор за фаќање (grip sensor) којшто моментално ја активира камерата при земање в раце и со тоа ја елиминира потребата од копче за вклучување. Со единственото копче за затворање на блендата се овозможува со еден допир да се направат фотографиите, а со подолго притискање да се снима видео, така што нема да го испуштите моментот со пребарување по режимите.

 

Со висока резолуција, сензор со 16 мегапиксели целосно HD (1080p) видео снимање, леќи со агол од 146 степени и можност за правење забавени снимки и time lapse снимки, RE ќе ги фати моментите онака како што досега не сте ги виделе. RE апликацијата има далечински визир којшто ви овозможува да направите извонредна снимка и да ја гледате активноста во живо на екранот на вашиот мобилен уред, или да преминете на албумот и приказот за репродуцирање (playback) за да се движите меѓу снимките и видеата коишто веќе се зачувани на камерата.

 

Апликацијата автоматски сè ќе зачува на телефонот или во „облакот“ така што нема да треба да се грижите дека ќе ви снема место и дека ќе испуштите некоја снимка. Покрај тоа, во иднина, RE ќе нуди видео репродуцирање во реално време на Јутјуб. RE апликацијата ќе биде достапна и на Android и на iOS, односно на верзиите Android 4.3 и нагоре и iOS 7 и 8.

 

Продолжувајќи го наследството на HTC за напредни иновации кај смартфоните, денеска корпорацијата ќе го презентира новиот врвен модел во класата на HTC Desire, HTC Desire EYE. Со една од најдобрите камери поставени на предниот дел од телефонот достапни денес на пазарот, и со софтвер којшто ве сместува во фокусот и во вашето најдобро издание, HTC Desire EYE ги фаќа големите и малите моменти од животот со совршена јасност. Со предна и задна камера со 13MP коишто се водечки на пазарот и коишто овозможуваат детален квалитет на фотографиите, со можности за зумирање, сечење и печатење, HTC Desire EYE е целосно опремен за оние коишто сакаат да прават извонредни фотографии, видеа и selfie. BSI сензорите фаќаат јасни фотографии, дури и во услови на слаба осветленост, а интелигентните двојни-LED блицеви на двете камери обезбедуваат извонредни, природни тонови при уште поголемо намалување на амбиенталната светлина.

 

Трите наменски микрофони го носат препознатливиот аудио квалитет на HTC на уште повисоко ниво, и обезбедуваат кристално јасен глас и видео повици без оглед на она што се случува околу вас. Комбинацијата на HTC BoomSound™ и извонредниот 5.2” Full HD дисплеј го прави HTC Desire EYE врвен мултимедијален придружник и совршен начин за гледање на вашите фотографии и видеа.

 

Впечатливиот, сјаен, двобоен, водоотпорен (до 30 минути на длабочина од еден метар), овој смартфон не е само елегантен, туку со него сигурно ќе го снимите вашето најдобро издание на наједноставен можен начин, со наменскиот клуч за фокус во два чекора, и снимањето со комфорен и моментален пристап до извонредни снимки, дури и само со една рака.

 

Со новите HTC EYE Experience и Zoe на HTC, со процесорот Qualcomm Snapdragon 801 и брзата 4G поврзаност, уредувањето и споделувањето на вашите најдобри снимки ќе биде лесно и едноставно, каде и да се наоѓате.  

 

Меѓутоа не е во прашање само хардверот. HTC EYE Experience го носи софтверот за мобилно фотографирање на ново ниво, со единствените карактеристики коишто ќе направат да бидете во вашето најубаво светло . Носејќи ги опциите video chat и conference call на сосема ново ниво на квалитет и на перформанси, функцијата следење на ликот на HTC EYE Experience ве чува совршено во фокусот во секој момент. Може да се следат и до четворица присутни во иста просторија, при што секој лик се сече и позиционира на екранот заради максимална јасност.  Уживајте во слободата и флексибилноста на сервисите како Skype без да се грижите за тоа каде точно се наоѓате вие или вашите пријатели, зашто камерата ќе ве следи сите. 

 

HTC EYE Experience отвора нов свет на креативни можности, благодарејќи на новата функција Split Capture. Комбинирајќи ги истовремено фотографиите и видеата сликани со предната и задната камера во една фотографија или видео на поделен екран, креира ново selfie искуство, овозможувајќи ви да го документирате вашето патување и вашата реакција без да треба да се потпирате на thumbnail views. Crop-Me-In ги исекува фотографијата или видеото сликани со предната камера и ги вметнува во сцената сликана со главната камера, отворајќи можност за поекстремни и повозбудливи selfie и видеа. Оваа опција засега достапна само во  HTC Desire EYЕ.

 

Voice Selfie ја елиминира потребата од непријатни свиткувања на раката на тој начин што ви овозможува да сликате со едноставна команда. Едноставно насмејте се веднаш штом сте ја зазеле идеалната поза и вклучете го снимањето на видеото со командите „action” или „rolling”.

 

Во HTC EYE Experience исто така се вклучени и популарните функции на HTC Desire 820 како што се фузијата на лик, којашто ви овозможува соединување на вашиот лик со ликот на некој ваш пријател или славна личност за комплетно оригинален изглед, и функцијата Live Makeup, со помош на која можете да го изберете посакуваното ниво на измазнување на кожата и да го погледнете резултатот во реално време пред да биде сликана фотографијата.

 

Со новата апликација за видео едитирање Zoe сега можете лесно да направите ремикс од вашите фотографии и видеа, создавајќи извонредни клипови од најзначајните моменти со прекрасни теми и музика, коишто можат да се споделуваат. Овозможувајќи им на пријателите да прават ремикс на нивните содржини со вашите, Zoe создава привлечни видеа од најзначајните моменти во кои сите можат да уживаат и да ги споделуваат преку омилените социјални мрежи.

 

Zoe 1.0 внесува флексибилност, овозможувајќи куси, средни и долги Zoe-и коишто можат да се состојат само од неколку фотографии, или пак од цели серии видео клипови, благодарејќи на новиот софтвер за содржини којшто овозможува лесно прикажување на мал број клипови, па дури и поединечни клипови, на интересен, визуелно впечатлив начин.

 

Целосно интегрирајќи се со RE, Zoe видеата од највпечатливите моменти автоматски се генерираат и се подготвени за споделување. Нема потреба од едитирање ниту синхронизирање со вашето PC, едноставно подигнете ги со еден допир. 

 

Zoe 1.0 е предводник на новата генерација креативни социјална вмрежувања; сега е бесплатно достапен за Android, а подоцна годинава доаѓа за iOS.

 

(Комерцијален текст)

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>