Последна промена пред 10 години | Сабота 04 Мај 2024 | 0 0

Леново смартфоните официјално на македонскиот пазар

  • Објавено: 08.10.2014 21:09
  • Прочитано: 1689
  • Печати

Гигантот Леново официјално ги презентираше своите смартфони пред македонските корисници. Беа претставени сите осум модели кои ќе се продаваат на македонскиот пазар на ексклузивен настан кој помина под знакот на најновиот ексклузивен Lenovo Vibe Z2 Pro – премиум смартфон кој ги комбинира најсовремените мобилни технологии со импресивен дизајн. 

Македонија е една од првите земји во Европа на чијшто пазар ќе може да се најдат паметните телефони Lenovo. Експанзија на компанијата се случува во последните неколку години - доказ за тоа е дека Lenovo паметните телефони во светот направија голем раст и заедно со брендот Моторола се трети според пазарно учество, кое на глобалниот пазар изнесува осум отсто.

Водител на настанот беше популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, кој заедно со екипата од Леново ги претстави паметните телефони пред македонската публика. Владимир Остојиќ, одговорен за Адриатик регионот, ги презентираше моделите Vibe Z2 Pro, Vibe X, S860, S850, S580, A536, A328 и A369i – широк спектар на модели со разновидни цени, наменети за сите корисници на мобилни телефони.Македонија е меѓу првите земји каде што Lenovo смартфоните официјално се претставени. Еден од факторите кој влијаеше на тоа е одличната професионална соработка со компанијата ТДК Компјутери. Во Македонија има добро развиен пазар за интернет технологијата и таа е и меѓу првите земји што работи со 4Г технологија. Од  друга страна, портфолиото на Lenovo за 4Г технологија е многу добро и затоа одлучивме да влеземе на овој пазар - изјави Владислав Иванов кој е претставник на Lenovo таблети и смартфони за Југоисточна Европа.

Смартфоните Lenovo ќе бидат достапни за граѓаните во салоните на мобилните оператори Вип и Оне, како и во сите доброопремени ИТ продавници на територијата на Македонија.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

/style/images/posledni.jpg

Последни коментари (вкупно: 0)

Прочитај ги сите коментари:

Напиши коментар:

име:
е-маил:

добивајте известувања за коментарите на маил
порака:

Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


ОСТАНАТО ОД РУБРИКАТА
ПОВЕЌЕ >>
За содржини постари од 01.01.2014 погледнете во нашата архива:
arhiva.plusinfo.mk

Најчитани вести од последните 24 часа

Најкоментирани вести од последните 2 недели


/style/images/intervju-title.jpg

Ако неплаќањето беше олимписка дисциплина ќе земевме медал

http://images2.plusinfo.mk/gallery//kolumnisti/goran rafajlovski.jpg Објавено: пред 18.09.2014 12:00
Прочитано: 3357

Горан Рафајловски

http://images2.plusinfo.mk/gallery//izvori/plusinfo.jpg
safe_image.jpg
За патриотизмот и лојалноста (2)
Ненад Живановски
15.10.2014
Gero profil picture.jpg
Балкански дронови
Бранко Героски
15.10.2014
dragan mlosavljevik.jpg
Срамот наречен Кобане
Драган Милосављевиќ
14.10.2014
повеќе колумни>>